Следете не

Спорт

Интервју со Атанас Костовски, доајен на спортското новинарство во Македонија

Објавено пред

на

Чичко Таско на свои 85 години беше отворен и пријателски расположен за разговор со нашата екипа, а нам ни претставуваше огромна чест да бидеме во негово присуство. Тој навистина има многу интересни приказни за раскажување и ни беше задоволство да поразговараме со легенда од неговиот „калибар“. Многу генерации пораснаа со него и со ТВ-преносите кои тој ги коментираше во текот на долгогодишната плодна и успешна кариера за Спорткаст.

Спорткаст: Каде се случија вашите први чекори во новинарството, како и каде ја започнавте вашата кариера?

Костовски: – Најпрво како многу млад започнав во „Студентски збор“, таму работев во периодот меѓу 1958 и 1960 година, а потоа четири години бев дел од „Млад борец“. Во ТВ Скопје или Македонска радио телевизија пристигнав во 1964 година и таму се задржав до моето пензионирање во 2001 година. Откако се пензионирав, работев и во Канал 5, коментирав фудбалски натпревари од германската и шпанската лига, а потоа бев дел и од Спортското радио каде бев автор на емисијата „Тајм Аут“ со Атанас Костовски. Тоа беа емисии посветени на фудбалери што оставиле голем белег во македонската историја и мислам дека реализиравме некаде околу 350 емисии. Работев на различни места и имав навистина убава кариера. Имав прилика да се запознаам и да се дружам со извонредни спортски легенди од целиот свет и тоа ме прави навистина среќен и исполнет. Најголем дел од мојот успех како новинар се должи на 35-годишниот престој во Македонската радио телевизија.

Спорткаст: Какви беа условите во тоа време? Тешко ли беше да се стане новинар, спикер или коментатор кој може да се појави пред ТВ-камерите и дали може да се каже дека во Југославија беше многу посериозен пристапот кон оваа професија?

Костовски: – Поголемиот дел од новинарите кои тогаш доаѓаа во радио или телевизија имаа искуство со претходно работење во пишаните медиуми. Сите моравме точно да знаеме како треба да се пишуваат речениците, се обрнуваше исклучително големо внимание на правопис и интерпункција. Моравме да видиме прво како ни тече мислата и секогаш максимално професионално пристапувавме кон секоја задача што ќе ја добиевме. Печатените медиуми беа одличен темел за сите идни ТВ-новинари, ние моравме да чекаме неколку години пред да дојде моментот кога веќе можевме да фатиме микрофон во рака. Патот во наше време беше многу потежок. Сега многумина веднаш земаат микрофон во рака и уште на самиот почеток прават многу грешки кои ние не смеевме никогаш да си ги дозволиме. Нам ни велеа „прво мораш да носиш бурек, а потоа да седнеш да јадеш со постарите“. Постоеше цврсто одреден и логичен пат по кој се стигаше до она што се нарекува „совладан занает“.

Во продолжение повеќе за интервјуто ќе прочитате на официјалниот линк од нашите пријатели и лидери за спортот „Спорткаст“ – ТУКА

Спорт

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Објавено пред

на

©porta.mk

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.

Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.

Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255

Фејсбук настан – ТУКА

Се гледаме во с.Староец!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните ...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Скопје20 часа

Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот...

Временска прогноза1 ден

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка....

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Магазин2 дена

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили2 дена

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle2 дена

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија2 дена

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт2 дена

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

НАЈЧИТАНИ