Спорт
Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Албанија, ова се избраничките до 17 години

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на неделата ги започнува квалификациите во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.
Македонија во периодот од 18 до 24. октомври во Драч, ќе биде учесник на квалификацискиот турнир од групата 2, заедно со селекциите на Молдавија, Косово и домаќинот Албанија.
Во првото коло од квалификациите отвараме против Албанија на 18. октомври. Три дена подоцна играме против Косово. Последниот натпревар со Молдавија е закажан за 24. октомври.
Сеекторот на женската селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Мери Васева (Плачковица), Миа Петровска (Џи Џи)
Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Евгениа Дамева (Трелеборгс, Шведска), Кристина Крстева (Скопје), Елена Љондевска (Деспина)
Среден: Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Емилија Петковска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Миа Велинова (Борец), Диелза Ибраими (Ас Јунајтед)
Напад: Мелиса Димитриоска (Атлетико), Ана Боризоска (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Јована Павловска (Деспина), Емили Митковска (Речица)
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Спорт2 дена
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Македонија2 дена
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²
-
Македонија2 дена
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“
-
Без категорија15 часа
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Социјални мрежи14 часа
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“