Кичево
„Рурална Коалиција“ изработи мониторинг извештај за јавните набавки на Општина Кичево и „ЈП Комуналец“ минатата 2021 год
Рурална Коалиција во периодот од април до октовмри го следеше процесот на јавни набавки на општина Кичево и ЈП Комуналец за 2021 година, при што го изработи и првиот мониторинг извештај на тема јавни набавки. Имено, општината во период на мониторинг склучила 35 договори за јавни набавки во вредност од 2,7 милиони евра, а ЈП Комуналец Кичево 61 договор во вкупна вредност од околу 1.7 милиони евра.
Просечниот број на понуди на тендерите на Општина Кичево изнесува 3.71 што е над просекот во државата којшто во 2021 година изнесува 3.31 понуда по тендер. Конкуренцијата во ЈП Комуналец е под просекот во државата (2.93), но воедно претпријатието има и загрижувачки висок удел на една понуда (34%), што значи дека на секој трет тендер на ЈП Комуналец е добиена по само една понуда. Кај Општина Кичево овој удел изнесува 17%, но забележан е растечки тренд на отфрлање на доставените понуди што пак води и кон констатацијата дека постои оправдан ризик во овие тендери, поради отсуството на конкуренцијата, цените можат да бидат повисоки од реалните на пазарот.
Во Општина Кичево во 2021 година се поништени 29% од тендерските постапки, а кај ЈП Комуналец 26%. Овој показател говори за слабости во спроведување на постапките, но и за постоење на ризик да се оди кон поништување на постапките за да се избегне склучување договор со одредена фирма.
Слабостите во планирањето на јавните набавки се манифестираат во честите измени на плановите за јавни набавки и нискиот процент на нивна реализација. Општина Кичево го сменила планот за јавни набавки за 2021 година два пати и реализирала само 61% од него, а ЈП Комуналец го менувало планот дури 15 пати и има процент на реализација од 68%, но нема пракса за објавување на плановите за јавни набавки на веб-страниците на општината и јавното претпријатие. На овој начин отежната е можноста граѓаните да следат дали и како се одвива реализација на планираните тендери, напомена Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.
Општината и локалните претпријатија не го применуваат техничкиот дијалог како начин за транспарентна комуникација со потенцијалните понудувачи и намалување на можноста за ограничување на конкуренцијата преку примена на несоодвента тендерска документација. Електронската аукција е сведена на минимум во примената од страна на Општина Кичево, додека пак локалното јавно претпријатие ја планирало во 38% од тендерите. Ова е во согласност со насоките на Бирото за јавни набавки за ограничување на примената на овој механизам.
Економските оператори се жалат на постапките за јавни набавки на општината и јавното претпријатие, а дури половината од нив се прифатени од Државната комисија за жалби за јавните набавки.
Известувањата за реализиран договор се под очекуваниот број. Општината во првите 8 месеци од годинава доставила известување дека се реализирале само една третина од склучените договори во 2021 година. ЈП Комуналец има доставено известување за реализиран договор кај 62% од склучените договори.

Општина Кичево и ЈП Комуналец не ги објавуваат потребните информации поврзани со јавните набавки (огластите за јавни набавки, склучените договори и информациите за реализираните договори). Оваа пракса е неповолна ако се има предвид дека транспарентноста и отчетноста претставуваат алатки за промовирање на интегритетот и за спречување на корупцијата во јавните набавки, надополни Мартина Дојчиноска како проектна координаторка во организацијата и активно вклучена во процесот на мониторинг на јавните набавки.
Препораки за унапредување на процесот на јавните набавки:
- Општина Кичево и ЈП Комуналец да изготват интерен акт (процедура или упатство) за спроведување на јавните набавки во којшто ќе се утврди начинот на постапување на вработените службеници и надворешните соработници во сите фази од процесот на јавните набавки во коишто се вклучени и за начинот на постапување во случаи на пријавување на корупција во јавните набавки. На овој начин ќе се обезбеди следливост на процесот на јавни набавки и ќе се овозможи високо ниво на познавање на постапките и правилата од страна на сите вклучени во јавните набавки, што е особено значајно за вработените кои не се од областа на јавните набавки, а членуваат во комисиите за јавни набавки
- Да се почитува законската обврска секој економски оператор да има сертифицирано лице за јавни набавки затоа што во моментов општина Кичево е една од шесте опшини кои што немаат такво лице, односно му е истечена важноста на сертификатот
- Да се подобри процесот на планирање на јавните набавки
- Да не се прибегнува лесно и често кон поништување на постапката
- Да се спроведуваат интерни периодични и конзистентни анализи и оценки за резултатите од спроведените јавни набавки, коишто ќе ги опфатат сите сегменти и фази во процесот на јавните набавки, почнувајќи од планирањето на набавките до целосната реализација на договорите, вклучително и извршените надворешни контроли
- Да се почитува временскиот рок во кој што треба да се донесе одлуката по објавениот оглас
- Секоја институција да назначува едно или повеќе лице кои ќе ја следат реализацијата на договорите за јавните набавки
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот Заштита од корупција што го спроведува Центарот со граѓански комуникации со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Рурална Коалиција.
Извор/Текст: Рурална Коалиција
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
-
Македонија21 часМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија2 денаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Хороскоп7 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Здравје и убавина2 денаТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија20 часа„Google Maps“ има нова корисна функција






