Следете не

Занимливости

На продажба Болидот со кој Шумахер победи на пет трки во Ф1 далечната 2003, истиот ќе најде на аукција следната недела во Женева

Објавено пред

на

Болидот на Ферари со кој Михаел Шумахер победи на пет трки за време на сезоната во Формула 1 во 2003 година ќе се најде на аукција следната недела во Женева, објави денеска Сотби.
Продавачите велат дека црвеното „ферари“ наречено „Шасис 229“ во кое девет пати се појави повеќекратниот светски шампион од Германија може да заработи и до 9,4 милиони долари.

Особено е интересно што овој болид е еден од само четирите со повеќе од четири победи во историјата на Ферари, а го возеше еден од највештите возачи од неговата генерација – Михаел Шумахер – изјави Винсент Лузуи, извршен помошник директор на продажба во Сотби.

Сотби објави дека ќе претстави и осум ретки „фенси“ сини дијаманти вредни повеќе од 70 милиони долари, а таа боја има највисока можна оценка за сините дијаманти и се доделува на не повеќе од 1 процент од сините дијаманти.

Дијамантите ќе бидат понудени на аукции во Женева, Њујорк и Хонг Конг, а првата ќе се одржи во Женева на 9 ноември.

/vesti-online

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево58 минути

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево2 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија5 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза6 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево7 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија9 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин10 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија12 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (18 декември)

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

Македонија23 часа

Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!

Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел...

НАЈЧИТАНИ