Хроника
Млад македонец загина во сообраќајка во Малта, поради финансиски потешкотии итно е потребно да собереме пари за транспорт..

Дојде ужасно тажна вест од Малта, каде во сообраќајка животот го загуби младиот М.К. (32), додека поради финансиски потешкотии семејството моли за помош кој колку може да донира хуманитарно, за да може достојно телото на починатиот да биде транспортирано до Македонија.
На социјалните мрежи веќе се мобилизираат добри луѓе и ја споделуваат трансакциската сметка на име од неговиот брат, ЕМБГ бројот е сокриен поради можни злоупотреби.
Што се однесува за настанот, според „Малта Тајмс“ и тамошните медиуми несреќата се случила во градот Слиема кај месноста Трик ит-Тори, така што прелиминарните истраги на полицијата покажале дека имало судир помеѓу „Исузу Д-Макс“ автомобил управуван од 29-годишен Сириец од Марсаскала и „пиаџо веспа“ управувано од сега веќе починатиот македонец.

ФОТО: timesofmalta.com
На мотоциклистот му била укажана прва помош на местото на несреќата, но и покрај тоа што бил итно пренесен во болницата Матер Деи, набрзо потоа им подлегнал на повредите.
Со тешки телесни повреди исто така се здобил 33-годишен Македонец кој бил сопатник на моторот. Во полициската изјава се вели дека судијата Рејчел Монтебело паралелно со Полицијата започнале темелна истрага.
Хроника
Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, извести МВР.
Хроника
МВР: Лишен од слобода возачот од Кичево кој вчера со возило удри во пешак и го напуштил местото, пешакот подоцна за жал им подлегнал на повредите и починал

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л. (18) од Кичево. Имено, околу 06:55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш. (82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07:10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна за јавноста Министерството за внатрешни работи
Хроника
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрил во пешакот К.М.(53) од Украина.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, извести МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Временска прогноза2 дена
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија21 час
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија21 час
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути