Спорт
Што ги очекува фудбалските обожаватели во Катар?

Светското првенство на ФИФА започнува во недела и ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември 2022 година во Катар. Дали сте еден од ретките среќници кои имаат можност да патуваат во оваа далечна земја за време на овој настан?
Во случај да сте или едноставно сакате да знаете различни интересни факти за дестинации ширум светот, споделуваме со вас неколку корисни информации за оваа далечна и многу богата земја.
Катар е: мал, богат и многу скап
Иако зафаќа само 11.571 квадратни километри на Арапскиот Полуостров, благодарение на големите нафтени ресурси, Катар е една од најбогатите земји во светот. Просечната плата е околу 4.000 евра, па не чуди што трошоците за живот се прилично високи. За литар бензин треба да потрошите само половина евро, но ќе треба да потрошите многу пари за други работи. Шолја капучино во ресторан чини околу 5,5 евра, кутија цигари околу 7, додека ручекот за две лица е околу 50 евра. За месечна кирија на гарсоњера во центарот на градот треба да одвоите околу 1.700 евра.
Алкохолот е забранет на повеќето места
Пијанството на јавни места во Катар се казнува со високи парични казни и затвор. Но, во пресрет на фудбалскиот шампионат, властите олабавија некои правила во однос на консумирањето алкохолни пијалоци. Алкохол не може да се купи во продавници, туку само во одредени ресторани, хотели и барови кои имаат посебна дозвола. Пред и по натпреварите – но не и за време на нив – ќе може да се купи пиво на стадионот на кој ќе се играат фудбалските натпревари. Во Доха ќе биде организирана специјална фан зона каде ќе се служи алкохол за оние над 21 година. Секогаш треба да носите пасош или друг официјален документ што може да ја докаже вашата возраст. Надлежните истакнаа дека цената на пивото ќе се движи од 10 до 20 евра за чаша.
Големо не за нелегалните дроги
Катар е една од најрестриктивните земји кога станува збор за нелегалните дроги. Забрането е поседување, продажба и употреба на канабис, па дури и некои лекови против болки и смирувачи кои не се издаваат на рецепт. Неуспехот да се почитуваат овие правила може да резултира со строги казни – од депортација до години зад решетки. Проверките на аеродромот ќе бидат исклучително детални, затоа однапред проверете што можете да понесете со себе, особено ако страдате од одредени здравствени состојби.
Јавното покажување на љубовта не е добра идеја
Иако во оваа земја е забрането соживот меѓу маж и жена кои не се во брак, невенчаните хетеросексуални парови сепак ќе можат да ја делат хотелската соба за време на Светското првенство. Сексот меѓу двајца хомосексуалци се казнува со затвор од една до три години. Не се препорачува јавно прикажување на наклонетост на улица, без разлика на брачниот статус и сексуалната ориентација.
Подгответе се за топло време
Светското првенство во Катар е првото во историјата кое не се одржува во мај, јуни или јули. Поради екстремно високите температури, настанот беше одложен за ноември и декември. Времето во овој дел од годината е попријатно, но сепак со високи температури – во просек меѓу 21 и 26 Целзиусови степени. Со цел да се олесни престојот на странците во земјата, локалните власти поставија климатизери на отворено – на улици, стадиони итн.
Што да облечете?
Веб-страниците за туризам во Катар сугерираат жените и мажите да покажат почит кон локалната култура и да избегнуваат облека што открива премногу кожа. Од посетителите се бара да изберат облека што ги покрива рамената и колената на јавни места, особено при посета на владини згради, трговски центри и слично. Од друга страна, во хотелите покрај базенот е вообичаено да се видат луѓе во оскудна облека како што се костими за капење.
Како треба да се однесувате?
Во Катар однесувајте се како што би сакале туристите да се однесуваат кога ќе дојдат кај нас. Бидете љубезни во сите ситуации, почитувајте ги културните разлики, не ширете лажни гласини за земјата на социјалните мрежи и зборувајте со почит за кралското семејство. Имајте предвид дека пцуењето и покажувањето среден прст, особено кога им се обраќате на полицајци или други владини службеници, може да резултира со одведување во полициска станица. Не се ракувајте со луѓе од спротивниот пол, освен ако прво не ви понудат рака. Избегнувајте фотографирање луѓе без претходна дозвола, како и фотографирање на воен персонал и верски места.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт20 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Македонија3 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза7 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно