Следете не

Видео

Паркинг место – чини како Ролс Ројс, но се смета за разумно во овој град ВИДЕО

Објавено пред

на

Во големите градови се потешко е да се најде место за паркирање, па нивните цени вртоглаво растат.

Најдобар пример е Њујорк, поточно Менхетен, каде за паркинг се плаќа и до 750.000 УСД, а месечната кирија е редовно над 1.000 УСД.

Се бараат нови решенија за оптимизирање на малку преостанат простор, а како една од можностите се нудат роботизирани паркинг места.

Со ваквите целосно автоматизирани системи за паркирање на автомобили, се заштедува дополнителен простор бидејќи нема класични рампи и ленти за возење, туку целиот процес на паркирање на возилото е автоматизиран и се одвива по однапред дефинирани рути.

Сопственикот го остава автомобилот на одреденото место и со притискање на копче возилото влегува во процес.

Камерите прво проверуваат дали сите врати и капакот на багажникот се затворени. Потоа возилото оди на одреденото место.

Во случај на сопственикот да му треба автомобил, потребни се околу две минути возилото да пристигне на местото на подигање. Во исто време, возилото пристигнува свртено за 180 степени, па возачот не мора да оди во рикверц.

Според извештајот на CNBC, цените за такви паркинг места се движат од минимум 300.000 долари до дури 595.000 долари, во зависност од локацијата.

Дополнително, сопственикот мора да плаќа такса за одржување од 150 американски долари месечно. Доколку, сепак, се работи за електричен автомобил, се нуди и полнач, но ќе чини дополнителни 50.000 американски долари.

„Колку и да звучи лудо, 300.000 долари за паркинг место се сметаат за разумна цена во Њујорк“, изјави за CNBC Сенада Азем, брокер за недвижности во Даглас Елиман од Флорида.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за вторник (14 октомври)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Спорт7 часа

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе...

Спорт7 часа

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1...

Временска прогноза8 часа

Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза...

Македонија16 часа

Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash
Lifestyle17 часа

Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но често наутро, додека сè уште сме поспани, тешко се одлучуваме...

Фото: Thibault Penin @ unsplash Фото: Thibault Penin @ unsplash
Магазин17 часа

Netflix подготвува изненадување за претплатниците до крајот на годината

Најавата од Netflix најмногу ќе ги израдува љубителите на видео игри. Netflix, најпопуларната стриминг платформа за филмови и серии, според...

Фото: Mishaal Zahed @ unsplash Фото: Mishaal Zahed @ unsplash
Магазин17 часа

Што всушност значи буквата „C“ на етикетата на USB-C портот?

Буквата „C“ во USB-C не значи „полнење“ или „кабел“, туку се однесува само на формата на конекторот, кој е универзален...

Фото: Kerde Severin @ unsplash Фото: Kerde Severin @ unsplash
Магазин18 часа

Како да го исчистите кешот на конзолата PlayStation 5

Ако вашата конзола „кочи“, отстранувањето на старите податоци може да ѝ помогне повторно да работи непречено. Ако вашиот PS5 стане...

Македонија18 часа

МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација

Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што...

НАЈЧИТАНИ