Следете не

Кичево

Од средина на ноември до сега вкупно 13 луѓе од Кичево биле жртви на напади од бездомни кучиња, решение за сега очигледно нема

Објавено пред

на

Од средина на месец ноември па се до денес, вкупно 13 луѓе биле цел на кучиња скитници кои биле нападнати и се здобиле со повреди, истакнати според извештаите на дневниот билтен на портпаролот од СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски. Претходно исто така имавме доста случаеви кои ги поставивме во целина (ТУКА). Од тој ден до денес, повторно имаме доста регистрирани случаи на граѓани кои пријавиле во ОВР Кичево напад врз нив од кучиња скитници, така да, по датуми листата изгледа вака:

На 11.11.2022 во  21.05  часот,  Т.М.(63) од Кичево, пријавил дека неговиот малолетен внук, на улицата „Мехмед Мехмеди“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 12.11..2022 година во 15 часот во ОВР Кичево, Б.Џ.(58) од кичевското село Колари, пријавил дека на булеваот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 13.11.2022 година во 23.00 часот во ОВР Кичево, А.Б.(48) од кичевското село Зајас пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.

На 16.11.2022 година во ОВР Кичево, Л.Ц.(44) од кичевското село Долно Строгомиште пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, И.А.(66) од истото село и Ф.Ф.(33) од селото Стрелци пријавија дека на улицата „Партизански  Одреди“, односно „Маршал Тито“ во Кичево биле каснати од куче скитник.

На 17.11.2022 година во 18.30 часот, А.П.(51) од Кичево во полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 18.11.2022 година во 21.50 часот, С.М.(73) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 22.11.2022 во 11.27 часот во полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево пријавено е дека кај нив со повреди од каснување на куче бил донесен лицето В.С.(60) од Кичево. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки било утврдено дека на 21.11.2022 во дворот на семејната куќа во селото Козичино, кичевско, В.С. бил каснат од куче раса „Кангал“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.11.2022 година во 16.10 часот, Л.К.(81) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „4 јули“ во Кичево била касната од куче скитник.

На 28.11.2022 година во  17.35  часот, П.Ц.(48) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 30.11.2022  година во 17.35  часот, Н.К.(33) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 03.12.2022  година  во 10 часот, С.С.(22) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Прилепска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 08.12.2022 во 10.50 часот во ОВР Кичево, З.Ј.(58) од кичевското село Другово пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Извор: Стефан Димоски (портпарол на СВР Охрид)

Кичево

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Објавено пред

на

©porta.mk

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.

Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.

Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Објавено пред

на

ФОТО: ООУ Кузман Јосифоски-Питу

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.

Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски

Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 час

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за понеделник (15 декември)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

Временска прогноза2 часа

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на...

Технологија3 часа

Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима

Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи...

Кичево13 часа

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт1 ден

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника1 ден

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

НАЈЧИТАНИ