Следете не

Спорт

Поповски по УЕФА сертификатот за услогласеност и работа, истакна дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси

Објавено пред

на

Пред речиси две децении, УЕФА започна со систем за лиценцирање на клубовите за да можат да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА, но системот се разви во нешто многу повеќе, а денес е составен дел од обврските и плановите за работа на бројни асоцијации и клубови ширум Европа.

Фудбалската федерација на Македонија и оваа година доби потврда, т.е. сертификат за услогласеност и работа на лиценцната администрација со важност до август 2023 година.

Системот за лиценцирање е создаден како збир на критериуми што клубовите мора да ги исполнат за да можат да учествуваат во натпреварите на УЕФА. Лиценцирањето на клубовите е вклучено во програмата и стратегијата на секоја федерација, како и на клубовите, и е една од клучните точки во работата и планирањето не само на развојот и напредокот на одреден клуб, туку и на неговото деловно функционирање.

Фудбалската федерација на Македонија го спроведува системот за лиценцирање клубови и има посебен систем за лиценцирање за домашните првенства.

– „Лиценцирањето на клубовите во Македонија се смета за најдобра алатка за постигнување високи стандарди во фудбалот. Системот е широко прифатен со голема доверба во него и е охрабрен од клубовите, носителите на одлуки,  јавноста, навивачите и другите учесници. Одделот за лиценцирање, како и досега, секогаш ќе биде на располагање за сите прашања и совети, но секако клубовите се тие кои треба да направат добар дел од работата во овој процес. Драго ми е што напредокот е видлив од година в година во однос на исполнувањето на критериумите, документацијата и комуникацијата, а повратните информации ни кажуваат дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Спорт

За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Објавено пред

на

©porta.mk

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.

Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.

Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Објавено пред

на

©porta.mk

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.

Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.

Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.

Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.

Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Објавено пред

на

©porta.mk

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.

Одиме на победа!

Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

Македонија12 часа

Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг13 часа

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

Фото: Nick Collins @ unsplash Фото: Nick Collins @ unsplash
Lifestyle14 часа

5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака

Тиквата е една од најздравите есенски намирници, богата со хранливи состојки и корисна за целото тело. Сè што треба да...

Фото: Mara Cotta @ pexels Фото: Mara Cotta @ pexels
Lifestyle14 часа

Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие

Кога мирисот на свежо сварен џем од јаболка ќе се прошири низ кујната, тешко е да се остане рамнодушен. Овој...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин14 часа

Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!

Microsoft официјално објави дека новата верзија Windows 11 25H2 сега е достапна за сите корисници на Windows 10 и за...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин14 часа

Apple го претстави првиот M5 чип

Американскиот технолошки гигант Apple официјално го претстави својот најнов M5 чип, кој ќе го движи следниот бран на уреди, вклучувајќи...

Временска прогноза15 часа

Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно,...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (20 октомври)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Македонија1 ден

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и...

НАЈЧИТАНИ