Lifestyle
Натпросечно интелигентните луѓе ги имаат овие 4 карактеристики
Истражувањата покажаа дека ако сте анксиозни, леваци, музичари и имате силна смисла за хумор, тогаш постои голема веројатност дека сте натпросечно интелигентни
Интелигенцијата или коефициентот на интелигенција всушност значи темпо со кое човекот добива нови информации. Научните студии покажаа дека коефициентот на интелигенција се формира уште на рана возраст, пренесува Business Insider.
Според истражувањата, сè уште постојат некои знаци и карактеристики кои би можеле да укажат дали личноста е натпросечно интелигентна. Еве некои од нив:
Анксиозност
Психијатарот Џереми Коплан ги проучувал пациентите со анксиозни нарушувања и открил дека оние со најтешки симптоми постигнуваат повисоки резултати на коефициентот на интелигенција од оние со поблаги симптоми. Други студии покажаа дека анксиозните луѓе имаат подобри вербални вештини и нивниот ум е поактивен.
Исто така, експериментот покажа дека анксиозните луѓе се поуспешни во решавањето на комплицираните проблеми.
Левораките луѓе
Истражувањата покажаа дека леворакоста е поврзана со дивергентно размислување (креативен начин на решавање проблеми или повеќе решенија за еден проблем).
Музикалност
Бројни студии покажаа поврзаност помеѓу музикалноста и добрите вербални вештини, како и извршните функции клучни за фокусирање и самоконтрола. Во експериментот спроведен од Силвен Морено, учествувале 48 деца на возраст од четири до шест години.
Половина од учениците ја завршија музичката програма, а другата половина ликовната програма. На крајот од експериментот, 90 отсто од децата кои биле подложени на музички тренинг покажале подобрување во нивниот вербален коефициент на интелигенција.
Хумор
Истражувањата покажуваат силна врска помеѓу смислата за хумор и високите вербални вештини, како и апстрактното размислување. Хуморот е главно резултат на високата интелигенција бидејќи бара специфичен вид на размислување и маневрирање со зборови.
Доколку немате ниту една од горенаведените карактеристики, се разбира, тоа не значи дека немате висок коефициент на интелигенција, но доколку поседувате некоја од карактеристиките кои се поврзани со горенаведените таленти или проблеми, тоа може да значи дека имаат повисок коефициент на интелигенција од просечниот.
Повеќе од овие карактеристики заедно (или сите од нив) покажуваат дека одговарате на повеќето од она што досега го откриле студиите за интелигенцијата.
/informer
Lifestyle
Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови што навистина делуваат, а еден од нив ги воодушеви илјадници домаќинки ширум светот. Сè што ви треба е малку време, топла вода и прашок за перење алишта — резултатот ќе ве изненади!
Решетката во рерната е често највалканиот дел од кујната. Загорените остатоци од храна и слоевите маснотии се тешки за чистење дури и со скапи средства. Но, со овој едноставен метод, нема потреба од триење, сунѓери или агресивни хемикалии.
Како да го направите тоа:
Земете леген или када, поставете крпа на дното и ставете ја решетката врз неа. Наполнете ја со топла вода додека не биде целосно потопена, а потоа додадете една шака прашок за перење алишта. Оставете ја да отстои преку ноќ. Следното утро, само исплакнете со вода – маснотијата и нечистотиите ќе се исчистат сами од себе!
Овој трик е идеален за сите кои сакаат природно и лесно чистење без напор. Решетката по третманот изгледа како нова, а рерната повторно добива свеж и чист изглед.
За дополнителна свежина, можете по чистењето да нанесете сок од лимон и малку сода бикарбона, а потоа накратко да ја загреете рерната на 100°C. Така ќе ги отстраните сите непријатни мириси и ќе внесете пријатен цитрус мирис во кујната.
Со овој едноставен трик, ќе заборавите на часови поминати во чистење и триење – рерната ќе блеска како нова, а вие ќе заштедите време, пари и нерви.
Извор: Alo
Lifestyle
Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
Мувлата е чест проблем во домовите, особено во текот на зимата кога во просториите се собира кондензација и влага. Таа најчесто се појавува како темни дамки на ѕидовите, а ако не се реагира навреме, може да предизвика оштетувања и здравствени проблеми. Еве кои се најдобрите начини за ефикасно и трајно отстранување на мувлата, според советите на експертите за чистење.
Зошто се појавува мувлата?
Мувлата најчесто се јавува поради зголемена влажност, недоволна вентилација или продор на вода. Кога воздухот во домот е влажен и нема доволно циркулација, на ѕидовите се создава идеална средина за раст на мувла. Затоа е важно, покрај чистењето, да се најде и реши изворот на влагата.
Бел оцет – природно решение
Еден од најдобрите и најевтините начини за отстранување на мувла е употребата на бел оцет. Тој има природни антисептички својства и ефективно ги уништува спорите на мувлата.
Како се користи:
Измешајте еден дел бел оцет со еден дел вода во шише со распрскувач. Испрскајте ја погодената површина и оставете да делува околу еден час. Потоа избришете со влажна крпа. За поупорни дамки, може да се користи и неразреден оцет.
Многу експерти предупредуваат дека белилото често се користи погрешно, бидејќи го отстранува само горниот слој на мувлата, без да ги уништи спорите во длабочината на ѕидот.
Сода бикарбона – природен антисептик
Содата бикарбона е уште едно безбедно и ефикасно средство. Таа делува како благ антисептик и ја намалува влажноста на површината.
Како се користи:
Измешајте три лажици сода бикарбона со половина литар вода, нанесете на мувлосаната површина, оставете да делува 15 минути, а потоа избришете со сува крпа.
Специјализирани спрејови против мувла
На пазарот постојат и спрејови специјално наменети за уништување на мувла и габи. Тие содржат активни состојки кои продираат во порозните површини и ги уништуваат спорите во коренот.
Како се користат:
Нанесете го спрејот на засегнатото место, оставете неколку минути да делува и избришете со чиста крпа. Секогаш носете ракавици и проветрете ја просторијата додека го користите производот.
Белило – внимателно користење
Белилото може да биде корисно на плочки, фуги и други цврсти површини каде што мувлата се појавува често, но не се препорачува за обоени ѕидови.
Како се користи:
Направете раствор од еден дел белило и четири дела вода. Со мека крпа избришете ја површината и потоа исушете ја темелно. Внимавајте, бидејќи белилото може да го обезбои ѕидот и да остави траги.
Како да се спречи повторно појавување на мувла
Откако ќе ја исчистите мувлата, важно е да спречите повторна појава. Експертите нагласуваат дека вентилацијата и сувиот воздух се клучни.
Совети за превенција:
-
Редовно проветрувајте ја секоја просторија, особено после туширање или готвење.
-
Користете вентилатори или одвлажнувачи на воздух.
-
Поправете ги сите протекувања на кровот или водоводот.
-
Одржувајте стабилна температура во домот за да се намали кондензацијата.
-
Избришете ја кондензацијата од прозорците и ѕидовите кога ќе се појави.
Со следење на овие едноставни совети, можете трајно да ја отстраните мувлата и да го зачувате вашиот дом чист, здрав и пријатен за живеење.
Клучот за успех: откријте ја причината за влагата, подобрете ја вентилацијата и редовно одржувајте го домот.
Извор: Danas
Lifestyle
За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок
Со текот на времето, фугите меѓу плочките потемнуваат, стануваат валкани и тешко се чистат. Наместо да користите силни средства како белило, постои едноставен и евтин начин со кој ќе ги направите повторно бели – и тоа за само десет минути.
Што ви е потребно:
-
Малку хидроген (се купува во аптека – безбеден е за користење во домаќинство)
-
Сода бикарбона
-
Стара четка за заби или мека четка
-
Крпа и топла вода
Постапка:
-
Прво, пребришете ги плочките со влажна крпа за да ја омекнете нечистотијата.
-
Во мала чаша, измешајте две лажици сода бикарбона со малку хидроген – колку да се добие густа паста.
-
Со четката нанесете ја смесата директно врз фугите и оставете да стои околу 10 минути.
-
Потоа, со кружни движења, истријте ги фугите. Ќе забележите како нечистотијата се отстранува веднаш.
-
На крај, исплакнете со топла вода и пребришете со сува крпа.
По само неколку минути, вашите фуги ќе изгледаат бели и чисти како нови, без непријатен мирис и без скапи средства за чистење.
Овој природен метод е безбеден, ефтин и ефикасен, а хидрогенот што го користите е ист оној што често се користи за дезинфекција на рани — значи нема никаква опасност при употреба.
Пробајте го овој домашен трик – ќе ве изненади колку брзо ќе се исчисти купатилото, а фугите повторно ќе заблескаат како првиот ден!
Извор: B92
-
Хороскоп17 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Македонија6 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
На денешен ден1 денСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle1 денКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
Магазин1 денИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин1 денWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Македонија2 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

