Временска прогноза
Значително постудено на утро, на превоите и планините над 1000 м.н.в можна е снежна покривка, ова се најновите метео вести..
Како што и беше најавено од наша страна, за време на веќе изминатиот изразен влажен бран од запад кој ја зафати Македонија, најмногу врнежи донесе во западните предели. Во Пожаране наврнаа 34 л/м2 воден талот, 32 л/м2 во дебар, 29 л/м2 во Маврово, 23 л/м2 во Крушево, Лазарополе, Тетово и во Претор, 15 л/м2 во Охрид, додека на другите места количеството на врнежи беше помало.
На планините над 1000 м.н.в и особено во западните предели врнеше снег, па така особено на Скијачкиот центар Попова Шапка се формираше снежна покривка од околу 15 цм. Снег врнеше и во Маврово, а провејување на снег имаше и во Пониква.
Понатаму ќе има локални послаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Локално снежната граница ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што сосема слабо провејување на снег ќе има некаде и во градовите (што значи дека во градовите не се очекува снежна покривка).
Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Температурите наутро во следниот период речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат релативно ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 10 степени.
За порта известува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). И во Скопје и околината следува многу ветровито време со засилен, повремено силен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе има повремен локален дожд кој повремено во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи.
Се на се како што најавив пред нас е многу ветровито време па токму поради ова ве советувам да ги заштитите своите автомобили во случај на појава на силен ветер, односно истите да не ги ставате во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и се осамени. Температурите во деновите пред нас на многу места ќе се искачат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 20 степени. Во Скопје и околината исто така во деновите пред нас температурата ќе надмине 20 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло
Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²
Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 16 степени, за јавноста истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.мк
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Кичево2 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Временска прогноза23 часаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Македонија1 денДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија3 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија2 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
