Временска прогноза
Изразена циклонска активност која носи дожд и многу силен ветер, ова се последните метео вести
Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални ПОПЛАВУВАЊА.
Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.
Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). На високите планини и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од снег и ќе се формира ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка.
Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.
Поради силниот ветер кој се очекува препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Големо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) се очекува за време на викендот. На планините тогаш снежната покривка ќе надминува 50 цм, а снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите.
Пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
-
Кичево1 ден(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин21 час(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево35 минутиЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Македонија2 денаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Кичево22 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
