Следете не

Видео

Погледнете како ова куче зело коска од друга куќа – тој е вистински професионалец! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Кучето имало јасна цел да ја земе коската, а не да го разбуди пријателот и успеал во тоа.

Веројатно веќе знаете колку кучињата можат да бидат паметни. Некои многу брзо ги учат командите и често се чини дека целосно разбираат што сакаме од нив.

Сепак, може да се каже дека, освен што се паметни, некои од нив можат да бидат и прилично лукави.

Неодамна наидовме на видео кое тотално не разнесе, на кое се гледа куче во „крадска мисија“. Си поставил за цел да му ја земе коската на другото куче кое спиело, но никако.

За да избегне драма и расправии, тој се прикрадувал, чекор по чекор, внимателно испружувајќи ја шепата, за на крајот всушност да ја земе.

Кутрото друго куче, тој немаше поим дека толку лесно ќе остане без своето задоволство.

Погледнете како изгледаше во видеото на почетокот на текстот.

 

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (17 август)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Македонија4 часа

„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!

Денес доцна попладне околу 17:30ч во водите на охридско езеро се случила вистинска драма. Имено како што известуваат за нашиот...

Временска прогноза8 часа

Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17...

Скопје11 часа

Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (16 август)

Овен (21.03 – 20.04) Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли....

Кичево1 ден

На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил

Предмалку од извори на терен дознаваме дека формиран е поголем сообраќаен метеж поради случена сообраќајка на превој „Стража“, во непосредна...

Кичево1 ден

За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење

Со радост ве известуваме дека за прв пат во Македонија, манастирот Богородица Пречиста, познат по својата долга и развиена сточарска...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) МВР со кампања за безбедно возење на е-тротинети

МВР и РСБСП со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети. Преку видео едукативен...

Спорт2 дена

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки....

Занимливости2 дена

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената...

НАЈЧИТАНИ