Кичево
(ФОТО) Вчера во Кичево официјално стартува со работа бутик за женска и детска облека „Liliah“

Вчера бевме дел од официјалното стартување со работа на кичевскиот бутик „Liliah“, ваша најнова дестинација за стилска и достапна женска и детска облека! Специјализираната продавница се наоѓа на ул. „Борис Кидриќ“ ламела 2 зграда 1.
Во огромниот број на гости, успеавме да поразговараме со сопственикот на „Liliah“ кој преку нашиот медиум истакна неколку информации за својот стор.
– Веруваме дека модата треба да биде достапна за сите. Затоа нудиме широк избор на облека за жени и деца на цени кои немат да го истрошат Вашиот буџет. Нашата цел е да Ви помогнеме да изгледате и да се чувствувате најдобро без да го жртвувате Вашиот буџет.
– Нашиот слоган „We help you bloom“ (Ви помагаме да процветате) го претставува нашето его кон жените и децата кое може да се изрази преку модата. Независно дали барате нова облека за посебна свечена манифестација или само сакате да додадете нови парчиња во Вашиот гардеробер, нашиот тим е тука да Ви помогне да го најдете тоа што Ви треба.
– Веруваме дека купувањето треба да биде забавно и пријатно и со нетрпение ве очекуваме да ве пречекаме со насмевка и топол прием. Нашите вработени се страстни за модата и секогаш се тука да Ви пружат совети и помош за постигнување на саканиот изглед. Посетете нѐ во „Liliah“ и погледнете што имаме да Ви понудиме. Сигурни сме дека ќе најдете нешто што ќе го засакате и ќе го напуштите нашиот бутик чувствувајќи се самодоверени и стилски уредени – на кратко избега од гужва и ни истакна сопственикот на „Liliah“, г-дин Симоноски
Во продолжение преку нашиот објектив, погледнете ја официјалната галерија на овој прекрасен бутик „Liliah“ кој сигурно нема да ве остави рамнодушни. Посетете го уште веднаш!
GPS навигација до бутикот – ТУКА
Welcome „Liliah“
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (22 октомври)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за четврток (23 октомври)
-
Lifestyle1 ден
Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Магазин1 ден
Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин1 ден
OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
-
Магазин1 ден
WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
-
Македонија10 часа
Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Временска прогноза10 минути
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час