Спорт
На повидок занимлива трка на Ф1 денес, Верстапен ќе стартува од 15-то место, Перез на водечката позиција..

Актуелниот шампион и лидер во пласманот во Формула 1, Макс Верстапен имаше кошмарни квалификации во пресрет на Големата награда на Саудиска Арабија, бидејќи ќе стартува само од 15-та позиција. Холанѓанецот доминираше на тренинзите во Џеда, но поради дефект на автомобилот мораше да се паркира во гаражата веќе во вториот дел од квалификациите и потоа да го гледа својот колега Серхио Перез од Ред Бул како заслужено доаѓа до „пол“ позицијата пред утрешната трка (18 часа).
Шарл Леклер го имаше второто најдобро време во квалификациите, но и возачот на Ред Бул има многу за што да се грижи. Откако не ја заврши трката во Бахреин, поради замена на една од компонентите на погонската единица, тој мора да се врати десет места назад, што значи дека покрај Перез ќе стартува и неверојатниот Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Следуваат Џорџ Расел (Мерцедес), Карлос Саинц (Ферари), Ленс Строл (Астон Мартин), Естебан Окон (Алпина), Луис Хамилтон (Мерцедес), Оскар Пјастре (Мекларен) и Пјер Гасли (Алпина). Најголемото изненадување секако е младиот Пјастре кој го надмина Ландо Норис, првиот возач на тимот кој ги заврши квалификациите веќе во првиот круг бидејќи повторно имаше проблеми со болидот, како што беше случајот во првиот викенд.
Погледнете ги најдобрите времиња на квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија со потсетување дека десетте возачи зад Шарл Леклер се искачуваат по една позиција.
Who expected this order in qualifying? 🙃#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/giPmt1pMkn
— Formula 1 (@F1) March 18, 2023
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хроника5 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија21 час
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина18 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје