Хроника
СТРАШНО: Последните информации говорат 8 мртви кај Младеновац?
Во нападот во Младеновац загинаа 8 лица, дознава спрски Курир!
Во престрелката што вечерва ја отвори У.Б. (21) а ранети се 11 лица. Се започнало во селото Дубона, а потоа побегнал во соседното село, а полицијата го бркала.
Познато е дека пукал од автоматска пушка, од автомобил во движење.
Убиецот бил опколен во селото Шепшин.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Македонија3 часаМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија24 часаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Здравје и убавина18 часаТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија47 минути„Google Maps“ има нова корисна функција
