Хроника
Убиецот од Младеновац бил син на офицер од српска армија, пукал и во група деца..

Полицијата се уште трага по масовниот убиец од околината на Младеновац. Се сомнева дека Урош Б.(21) од тој град во крвавиот поход во Дубона, Шепшин и Мали Орашје убил најмалку осум лица, а ранил 13, а потоа избегал.
Жителите на Дубона во интервју за српски Курир велат дека се шокирани од она што се случило на нивно и на други места.
Велат и дека се шокирани од фактот што осомничениот за невидено злосторство секогаш изгледал како добро дете и дека немаат поим што може да биде мотивот за ваквиот грозоморен чин.
– Почна да убива прво од Дубона. Убиениот полицаец прво се обидел да го спречи. Прво го убил, а потоа продолжил, колку што знам. Наводно, тој прв се закачил со него – вели жител на Дубона.
Тој додава дека Урош е син на офицер на српската армија кој работи во Генералштабот во Белград.
– Не беше проблематичен, секогаш изгледаше како мирно и добро дете. Татко му дојде овде за Велигден и купи свиња – вели соговорникот за српскиот медиум.
Според она што го дознале, Урош ги убил и своите најблиски роднини, наводно еден од неговите браќа, неговата снаа и 12-13-годишното момче неговиот внук.
– Во три села направи крваво пукање, покрај Дубона бил и во Шепшин и Мали Орашје. Во Мали Орашје пукал во група од околу 20 деца. Застанал, излегол од автомобилот и пукал во нив – вели соговорникот на српски Курир.
– Таткото и братот излегле на улица и кога му кажале на таткото што се случува, тој колабирал од шок – изјавија очевидци за Курир.
Остануваме онлајн, да ги следиме случувањата и грозоморниот чин кој ја снајде соседна Србија!
Извор: kurir.rs
Хроника
Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.
Хроника
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.
Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според наши неофицијални информации, тешко повредениот жител и работник од Кина им подлегнал на повредите по што починал.
Хроника
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.
– Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.
Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија9 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје7 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Хороскоп26 минути
Хороскоп за петок (20 јуни)
-
Спорт3 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал