Кичево
За прв пат во Кичево Summer Camp „Learn & Play“ за сите дечиња поттикнат од родители без профитна ориентација цело лето!
Кичевчанец кој долги години е во странство, а сега веќе подолг период живее во Кичево за прв пат во овој град, својата домовина доброволно ја издава за дечиња кој за време на летниот распуст ќе имаат прилика да уживаат во најразновидните играчки, во голем двор, обезбеден и заштитен. Целта е децата преку игра да се развиваат во своите вештини, способности, стимулирајќи го нивниот развој и развиток.
Имено, летната едукација веќе успешно е направена со нешто повеќе од десет деца, но има време за пријава на дополнително катче кое би било вметнато во термините.
Дечињата треба да бидат на возраст од 6 до 10 години, нивната едукација ќе биде ориентирана кон иклузивен и сеопфатен социјален развој, додека активнистите, нивното времетраење и групите ќе се формираат према бројот на децата.
Исто така изворот за нашиот медиум истакна дека дечињата ќе бидат под надзор од страна на стручни лица за деца, дефектолози и логопеди.
Со „Summer Camp – Learn & Play“ – Кичево за крај велат дека на децата им е потребен одмор од мобилните уреди и компјутери, така што информирајте се и дознајте за што станува збор на тел. бр: 075/318-934
Кампот ќе трае до крајот на месец август, а можат да се пријават сите категории на дечиња, добредојдени се сите, и да не се заборави оваа акција е поттикната од здружение на родители без профитна ориентација, само покривање на основните стручни трошоци.
Честитки, ние ја поздравуваме оваа иницијатива која е спроведена за прв пат во нашиот град!
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
-
Кичево23 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт15 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура2 денаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија2 денаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Хороскоп13 часаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Македонија2 денаЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија2 денаОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
