Временска прогноза
Месец јули ништо поразличен од јуни, дали сме сѐ подалеку од летните горештини и препознатливото летно време?

Јуни месец, како што и прогнозиравме помина во знакот на многу чести временски непогоди во Македонија, но и во целиот регион, поплави, свлечишта и крупен град кој направи големи штети насекаде. Токму ова е поради метеоролошкиот феномен „ЕЛ НИЊО“, кој носи многу топло време ширум Европа, но не и кај нас. Ние сеуште немаме големи топлотни Африкански бранови, а и под знак прашалник е тоа дали и воопшто ќе ги имаме оваа година истите во нашиот дел од Европскиот Континент.
Според најновите метео анализи, месец јули ќе ни донесе нови и чести големи временски непогоди (поплави, крупен град, олуен ветер, многу громови и големи штети). Врнежите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за месец јули, а барем одсега гледано и не се очекува некој екстремно топол Африкански бран.
Нови големи временски непогоди и поплави во текот на јули, освен на Македонија, му се закануваат и на целиот регион, прогнозира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хроника3 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија18 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина15 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје