Спорт
(ФОТО) Академијата на Фудбалската федерација на Македонија дава поттик и грижа за младите фудбалери кои се иднина на клубовите и националните тимови
ФФМ постојано дава поттик за тренирање и грижа за младите фудбалери. Во неколку продолженија ќе ја претставиме Академијата на ФФМ за развој на елитни млади фудбалери, кои во иднина би можеле да бидат носители на играта во клубовите и национални селекции.
Академијата на Фудбалската федерација на Македонија оваа година ја прими својата деветта генерација ученици.
Две паралелки, генерацијата 2009. започнува со својата втора година во ФФМ академија и генерацијата фудбалери родени 2010. преку тестирања низ целата држава заслужија место во програмата на ФФМ за развој на младите фудбалери.
Фудбалската федерација на Македонија ја формираше својата академија во септември 2014. нудејќи можност за концентрација на талентот на едно место и целосно фокусирање на активностите кои се одвиваат во рамки на академијата. 35 млади фудбалери од генерацијата 1999/2000 ја сочинуваа првата паралелка од академијата на ФФМ.

Од тогаш, па се до денеска, ФФМ во соработка со УЕФА работи по развоен годишен план за младите фудбалери од академијата. Посебен стручен тим е одговорен за активностите и работата во фудбалерите за принципите на играта, техниката и тактиката, но исто така, на фудбалерите им се овозможени сите останати елементи потребни за нивниот развој почнувајќе од сместување, соодветна исхрана и нутриционистички план, здравствени и рехабилитациски услови, па се до реализирање на редовна едукативна програма. Елементи кои се од суштинско значење за развој на еден фудбалер.
Работата со младите категории во академијата на ФФМ е оценувана и под надзор на посебни комисии на УЕФА, што овозможува правилна насока за развојниот пат на фудбалерите.
Зоран Стратев – технички менаџер и координатор на млади национални селекции во ФФМ
„Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам дека овие млади луѓе имаат неповторлива шанса да успеат во фудбалот. Правиме големи напори и обезбедуваме средства да го реализираме проектот на вистински начин и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина“.
„Кога фудбалерите од различни клубови имаат можност од рана возраст заедно да тренираат, да ги запознаваат своите недостатоци и силни страни, да се развиваат, сето тоа е предуслов за понатамошно унифицирање и креирање на силен репрезентативен состав.Пријателството и меѓусебната доверба која ја стекнуваат младите играчи е веројатно најголемата добивка од овој тип проекти, се надевам дека и тие ја сфаќаат сериозноста на активностите“.

Во претстојната сезона 2023/2024 вкупно 54 деца од генерациите 2009. и 2010. се дел од ФФМ академијата.
Драган Начевски е главен тренер на генерацијата 2009. Фарук Јонуз е негов помошник, а тренер на голмани е Зоран Мицески. Ментор на генерацијата 2009. е Предраг Митковски.
Со генерацијата 2010. стручниот тим го сочинуваат Неџат Шабани (главен тренер), Горан Георѓиевски (помошен тренер), Никола Ѓорѓиев (тренер на голмани). Ментор на генерацијата е Виктор Павловски.
Двете генерации ќе бидат подготвувани од кондицискиот тренер Роберт Стојановски. Главен доктор на ФФМ Академијата е професор Ванчо Поп Петревски.
Фудбалери од ФФМ академијата својата настава од образовниот процес ќе ја следат во четири основни училишта, „Гоце Делчев”, Лазо Ангелевски”, „Ѓорѓи Димитров” и „25 Мај”, а во ФФМ академијата целосно се опремени две училници за дополнителна настава на младите фудбалери.

Досегашните анализи ја потврдуваат потребата од постоење и понатамошно вложување во ваков тип на проекти. Повеќето играчи кои се и биле дел од Академијата станале стандардни членови во репрезентациите на Македонија.
ФФМ ќе продолжи да работи напорно и посветено за доброто на македонскиот фудбал и создавање на нови лидери кои ќе бидат носители на националниот тим на Македонија во иднина. Со помош на УЕФА, ФФМ создаде академија со силна врска меѓу фудбалските школи и клубовите.

Продолжуваме во таа насока, тренерите и инструкторите да имаат експертска обука од УЕФА со цел да ги подигнат своите стандарди на работа, а за возврат мотивирано да ја применат во својата работа, а младите фудбалери да добиваат суштински совети и насоки не само од техничка гледна точка, туку и од аспект на образованието и менаџирањето на процесот, истакна ФФМ за јавноста..
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра на теренот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Младите македонски фудбалери покажаа доминација во текот на целиот меч. Иако во првото полувреме Масев, Ристиќ и Акики имаа неколку добри шанси, резултатот остана непроменет сè до 39. минута, кога Адриан Велески со продор и прецизен удар го отвори резултатот. Неколку минути подоцна, Марин Крстевски постигна прекрасен погодок со кој ја зголеми предноста на 2:0.
Во второто полувреме, по точно еден час игра, Крстевски мајсторски асистираше до Стефан Ристиќ, кој успешно реализираше за конечни 3:0. Во продолжението, Полимац и Емини имаа уште неколку шанси за гол, но црногорскиот голман беше на висина на задачата и спречи повисок пораз.
Вториот контролен дуел меѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 21 август со почеток од 11:00 часот, повторно во Охрид.
Состав на Македонија (до 16 години):
Петар Талески, Михајло Павлов (82′ Далибор Марковиќ), Матеј Бочевски, Матеја Масев, Амар Акики (61′ Филип Ѓоргиоски), Александар Полимац (61′ Медин Емини), Стефан Ристиќ (76′ Ефе Раифи), Павел Стојанов (61′ Огнен Сивевски), Марин Крстевски (61′ Рон Мемеди), Илија Аксентиев (82′ Марио Стојчевски), Адриан Велески (76′ Благојче Седлоски).
Селектор: Иљами Исејни.
Состав на Црна Гора (до 16 години):
Дамјан Јанковиќ, Немања Нишавиќ (76′ Амар Суљевиќ), Немања Никочевиќ (61′ Алден Бајрамовиќ), Петар Мерсениќ (76′ Филип Хорхе), Андрија Нововиќ (61′ Лазар Булатовиќ), Лазар Грбовиќ (61′ Павле Јововиќ), Петар Вуковиќ (76′ Лука Влаховиќ), Данило Вуковиќ (61′ Лука Куч), Славко Конатар (76′ Дамјан Бесовиќ), Урош Самарџиќ, Никола Милачиќ (76′ Вук Каљевиќ).
Селектор: Владан Савиќ.
Спорт
ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата
Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.
По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.
Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.
Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.
Спорт
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел е јасна, да се вратат на победничките патеки, преку втора лига и се разбира во најсилната прва лига во натпреварувањата.
Се уредува стадионот, клубот како што е познато веќе ја има покрај себе и новата управа која ветува многу. Подмладен состав од искусни фудбалери, но и повраток на поискусните кои не беа дел, а сега се помеѓу останатите.
Бобан Дујковиќ е новиот кормилар на клубот, во тандем со искусните легенди во стручниот штаб, ќе го води најдобриот состав на кичевчани во претстојната сезона. Искусниот стратег за Порта.мк откри низа новости, позитивни ветришта кои побудуваат прекрасни чувства на секој еден љубител на фудбалот, така што ние веруваме дека за брзо, ќе дојде ден град Кичево повторно ќе прерасне во место на фудбалот, каде во недела ќе бидат сите на градски. Иако почетоците се секогаш тешки, Дујковиќ ќе стори се да се врати довербата помеѓу играчите, управата, „Ѓаоли“ и кичевчани.
Порта.мк упатува честитки, посакува само успеси и плодна работа, која несомнено ќе носи резултати кои „ФК Напредок“ и Кичево заслужуваат, време е!
-
Кичево2 денаИграорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (19 август)
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (20 август)
-
Македонија23 часаМВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура1 денДенес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Кичево2 денаВчера на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Длапкин Дол се случила сообраќајка помеѓу две возила и автобус, има повредени
-
Lifestyle1 денГрешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
