Кичево
На 6-ти септември во Кичево гостува Наде Молеровиќ, тема на настанот ќе биде „Што очекуваат децата од родителите за да бидат среќни и успешни во животот“

Со задоволство Ве информираме, воедно и покануваме на долго очекуваниот настан по повод една година постоење на Едукативниот центар каде ќе гостува Наде Молеровиќ, збиднување од образовен и пред се професионален карактер за сите граѓани, родители, деца, со цел да се поттикне мотивациско размислување, потенцијал, остварување на цели, да ја препознаат својата вредност, да веруваат во себе и своите соништа и да сакаат да остварат успех и лична среќа.
Тема на настанот со г-ѓа Молеровиќ ќе биде: „Што очекуваат децата од родителите за да бидат среќни и успешни во животот“, таа како што знаеме има големо искуство во одржување на предавања, семинари, работилници,мотивациски говори за млади, родители, наставници и директори на училишта.
По завршување на настанот многу од слушателите ќе научат како да си ги постават клучните прашања и да откријат многу вистини за себе си, пред се како родители, сме одговорни за развојот на нашите деца и за формирањето на нивната личност.
Ова е прилика која не би требало да ја пропуштите, затоа придружете ни се на овој настан и заедно ќе го истражиме потенцијалот на нашите деца и самиот наш потенцијал. Нека нашите деца растат во самодоверни и успешни луѓе, кои ќе ја превземат контролата над своите животи и ќе ги остварат своите соништа.
Датум: 06.09.2023 (среда)
Време: 19:00ч.
Место: НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „КОЧО РАЦИН“ – КИЧЕВО
Влез: СЛОБОДЕН
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Автомобили18 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи