Спорт
(ВИДЕО) Победа на Воска против Македонија ЃП, досудениот пенал контраверзен за јавноста, искусниот Ставрев мета на критики?

Ривалите на долниот дел од табелата, екипите на Воска Спорт и Македонија ЃП во денешното дерби во Охрид одиграа 2:1 во пресметката на 10-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фокус во јавноста се фрли на досудениот пенал во 71-та минута каде главниот судија искусниот Александар Ставрев (46) досуди удар од белата точка, кој практично знаечеше победа за домаќините, бидејќи Марушиќ во 74-та минута од белата точка, ја искористи шансата и беше прецизен за 2:1.
Останува да видиме што ќе одлучи судиската анализа, бидејќи мета на критики во јавноста е токму досудениот пенал.
Ситуација може да ја погледнете во продолжение:
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Кичево1 ден
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) СВР Охрид одржа свеченост по повод 7-ми мај „Денот на Полицијата“
-
Гејминг2 дена
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“
-
Македонија2 дена
Малолетник од Блаце украл мотор, па експресно бил пронајден од Полицијата
-
Спорт2 дена
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими
-
Македонија18 часа
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода