Следете не

Фудбал

(ФОТО) Домаќините „ФК Кичево“ против „Јанг Тим“ во дербито на генерацијата одиграа без голови, иако имаа многу шанси за триумф

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес во рамките на 4-тото коло од Детската лига на Југозападниот регион, сè одигра дербито во генерацијата 2011, помеѓу екипите на „ФК Кичево“ и „Јанг Тим“ од Струга кое заврши без победник, односно 0:0 и практично нашиот тим од Кичево на четири натпревари има постигнато 16 голови и ниту еден примен во својата гол-мрежа, задржувајќи го првото место на табелата.

Забележавме вистински фудбалски меч, многу шанси за гол, голем ентузијазам, вистинско дерби на генерацијата и возбудливи моменти!

Дерби мечот ви го пренесуваме преку фотографија, додека Порта.мк како официјален медиумски покровител ќе ги следи активностите на „ФК Кичево“.

* Доколку сакате фотографија може да ни пишете порака на нашата официјална фан страна на фејсбук ТУКА

Спорт

Македонската репрезентација летово ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. На 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски останува на кормилото на македонскиот национален тим до 2026-та година

Објавено пред

на

©porta.mk

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси.  Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Исто така, Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрекува суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови – членки на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.

До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Елиф Елмас потпиша за Лајпциг до 2028 година, договор вреден 25 милиони евра

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а Елмас потпишува договор до 2028 година.

Германците отворија преговори, понудија 25 милиони евра, а Наполи, на инсистирање и на Елмас, прифати да разговара. И се беше експресно, Елмас треба или утре, или најдоцна на 3.јануари, да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на својот нов клуб во Германија.

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин5 часа

Утре започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија7 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза9 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија10 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

Македонија10 часа

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за понеделник (30 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт1 ден

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг....

Кичево1 ден

(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна. Како што не...

Хроника1 ден

МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро

На  28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското езеро во близина на пумпната станица- Дебар,...

НАЈЧИТАНИ