Спорт
Кичевчанецот Бојоски утре официјален учесник на овогодинешното издание „Авто-слалом“ во Прилеп по повод 11-ти октомври
Кристијан Бојоски (40) од Кичево и оваа година ќе земе свое учество на настанот по повод „Ден на народното востание на Македонија“, односно изложба на „Олд тајмери и Јанг тајмери + Авто слалом“ трка во Прилеп. Бојоски ќе се натпреварува на остварено најдобро време, додека модифицираниот „Опел Кадет“ официјално брендиран од кичевските помагатели заедно со нашиот бренд во покровителство и авто-припрема на „Adler Automotive & Аuto Start-Кичево“ е спремен за утрешниот ден.
Според официјални извори, настанот е предвиден да започне од 10:00 часот (8-ми октомври) недела, така што Ве повикуваме сите љубители на автомобилизмот да присуствувате, бидејќи главниот епицентар оваа недела ќе биде во Прилеп!
Инаку Бојоски доаѓа од својот матичен „Car Club-Кичево“, додека за него овој е трет официјален натпревар во Авто-слалом, претходно во 2021-та година ТУКА учество зеде на Авто-слалом настанот во општина Долнени каде се натпреваруваше во две класи, класа 3, класа 6 и заслужено заработи 6 медаљи што е апсолутен рекордер од своите почетоци.
– место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
– место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
– место (група 1, класа 6 над 1600 цм³)
– место (група 2, класа 6 над 1600 цм³)
– место (група 1, класа 3 над 1600 цм³)
– место (група 3, класа 3 над 1600 цм³)
– Нашиот медиум секако дека ќе го проследи овој настан и истиот ќе ви го пренесе преку официјална галерија!
– Да му посакаме среќа!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Кичево7 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп19 часаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза1 денПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Македонија2 денаДенеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација
-
Македонија8 часаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија7 часаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди2 часа„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон

