Следете не

Фудбал

(ФОТО) ФК Напредок поразен на домашен терен од екипата на ФК Зајас во третата македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

Денес на градскиот стадион во Кичево се одигра утакмица од четвртото коло на третата македонска фудбалска лига-Запад помеѓу екипите на ФК Напредок и ФК Зајас.

Судии на мечот беа кичевското трио Марјан Стојаноски (главен судија), Куштрим Лика (помошен судија) и Осман Зеќири (помошен судија).

Фудбалскиот меч заврши со резултат 1:3 за ФК Зајас, додека сите голови паднаа уште во првиот дел од натпреварот.

Домаќините играа затворена игра, без многу напади, иако Симјаноски и Мирчески имаа повеќе шанси за гол, но гостите тоа го искористија и поведоа на мечот, со активен пресинг и брзи додавања стигнаа до високите 2 гола предност. Стрелци за ФК Зајас беа Шќиприм Руфати во 12-та и 18-та минута, како и Дардан Џеладини во 34-та минута од натпреварот.

Единствениот гол за ФК Напредок го постигна Младен Котески во 40-тата минута , додека петтото коло Напредок гостуваат кај новиот тим во третата македонска фудбалска лига „Џепиште“

Спорт

Македонската репрезентација летово ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. На 3. јуни 2024. ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2:1. На досегашните осум дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.

Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Благоја Милевски останува на кормилото на македонскиот национален тим до 2026-та година

Објавено пред

на

©porta.mk

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси.  Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Исто така, Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрекува суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови – членки на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.

До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Елиф Елмас потпиша за Лајпциг до 2028 година, договор вреден 25 милиони евра

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Наполи ќе добие 25 милиони евра, а Елмас потпишува договор до 2028 година.

Германците отворија преговори, понудија 25 милиони евра, а Наполи, на инсистирање и на Елмас, прифати да разговара. И се беше експресно, Елмас треба или утре, или најдоцна на 3.јануари, да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на својот нов клуб во Германија.

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Од вечерва поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на...

Македонија3 часа

МВР со детали за тешката сообраќајка со мотоцикли на магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница,...

Спорт5 часа

Англиската репрезентација со четири победи вечерва со фаворитски статус во Белград пред Србија

Српската фудбалска репрезентација вечерва ќе биде домаќин на Англија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Атмосферата на преполниот стадион...

Временска прогноза8 часа

Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за вторник (9 септември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Музика22 часа

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој...

Македонија23 часа

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,...

Спорт1 ден

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на...

Кичево1 ден

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија1 ден

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

НАЈЧИТАНИ