Кичево
Изложба по повод 20 години резбарска дејност на Марјан Тренески во четврток, градски кичевски храм Св.Петар и Павле, добредојдени сте сите..
По повод 20 години резбарска дејност, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе биде поставена изложбата „ДОВЕРБА“ од авторот Марјан Тренески.
Марјан Тренески од 2003/2004 година, па до денес активно се занимава со изучување на богатата македонска традиција во оваа занаетчиско-уметничка гранка и изработка на резбарски дела, целосно почитувајќи ја традицијата во Македонија, а оваа е негова трета самостојна изложба, така што авторот ќе се претстави со дваесетина експонати – православни резбарени икони и црковен инвентар.

Изложбата ќе биде збогатена со присуството на академскиот сликар – зограф Илчо Ѓорески кој е со богато зографско творештво повеќе од 25 години, при што ќе бидат изложени неколку негови дела.
Проектот е поддржан од:
Кичевското архиерејско намесништво при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ од Кичево;
„АТВА РЕЗИДЕНС“ – Кичево;
„Клуб 5“ уметности – Кичево;
Фото студио „Зоран“ – Кичево;
„ПИКСИ ПРИНТ“ – Кичево.
Додека „порта.мк“ е медиумски покровител на настанот, а презентер на изложбата е г-дин Ивица Блажески.
Авторот преку нашиот медиум изразува особена благодарност за несебична поддршка сите овие години до „Кнежинскиот манастир“ „Свети великомаченик Георгиј Победоносец“ – село Кнежино и сопствениците на Бурекџилница „Клас“ – Кичево.
Делата ќе бидат поставени од 19.10.2023 година до 21.10.2023 година (од четврток до сабота) во градскиот храм. Сите љубители на богатата резбарско-зографска традиција од Македонија и заинтересираните граѓани на Кичево и пошироко, можат слободно да ја посетат изложбата „ДОВЕРБА“ од авторот Марјан Тренески.

Благодариме на довербата и на поддршката.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево2 денаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево2 денаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (13 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Спорт7 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника9 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хроника1 денДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
-
Спорт2 денаВо просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември



