Занимливости
Неколку намирници кои ќе ви помогнат за квалитетен сон и одмор

Премалку или премногу спиење е поврзано со зголемен ризик од депресија, дијабетес, срцеви болести, па дури и смрт. Но, спиењето барем 7 часа секоја ноќ, не е секогаш лесна цел. Среќа постојат различни пијалоци кои поттикнуваат спиење. Во прилог неколку намирници кои ќе ви помогнат во тоа
Сок од вишни
Вишните се многу здрави, покрај останатото и позитивно влијаат на квалитетот на сонот. Се верува дека тоа му го должат на триптофанот кој се наоѓа во ова овошје. Една студија покажала дека пиење на две чаши (480мл) сок од вишна секој ден за време од две недели, го зголемува вкупното време за спиење на плус 84 минути и помага во лечење на симптомите од несоница кај возрасните личности постари од 50 години.
Чај од камилица
Чајот од оваа билка се конзумира со векови. Има повеќе здравствени бенефити, вклучувајќи ублажување на симптомите за настинка, намалување на воспаленија и подобрување на здравјето на кожата. Некои истражување сугерираат дека камилицата може да го подобри и квалитетот на сонот. Едно истражување направено помеѓу 60 повозрасни личности, открило дека конзумирање 400 милиграми екстракт од камилица, 28 дена по ред, го подобрува квалитетот на сонот.
Друго истражување, спроведено помеѓу 80 жени кои имале намален квалитет на сонот, до шло до резултат дека телесните симптоми за недостаток на сонот, значително се подобриле откако учесниците во истражувањето пиеле секој ден пиеле чај од камилица.
Чај од ашваганда прав
Ашваганда има репутација на моќна лековита билка. Понекогаш го викаат и индиски џинсенг или змиска вишна. Екстрактот направен од корени, бобинки и листови од билки, се употребува за лечење на стрес, тегоби и артритис. Ашваганда традиционално се користи во ајурведски пракси. Коренот содржи споеви за кои се верува дека го потикнуваат сонот.
Едно истражување на глувци утврдило дека е триетилен гликон, активна компонента на листови од ашваганда, која ја потикнува N-REM фазата на сонот во која телото регенерира ткиво и коски. Во истражувањето на луѓе покажало дека оваа билка му помага на телото да се припреми за одмор, како и да го подобри квалитетот на сонот.
Иако овој чај е сигурен за повеќето луѓе, некои би требало да бидат внимателни. Тоа ги вклучува личностите со автоимуни пореметувања, бремени жени или доилки, дури и личности кои земаат лекови за крвен притисок, шеќер во крвта или болест на тироидната жлезда.
Чај од нане
Нането веќе со години се користи во традиционалната медицина. Се смета дека има антивирусни, антимикробни, па дури и антиалергенски својства. Нането исто така може да помогне кај гастроинтестиналните состојби како лошиот дигестивен тракт и синдром на иритабилно црево.
Иако се покажа дека помага за ублажување на вознемирениот желудник во вечерните саати, потребно е повеќе клинички испитувања за да се утврди на кој нацин директно влијае на сонот. Чајот од нане е сигурен, но доколку зимате било каков лек, консултирајте не со доктор пред конзумирање.
Топло млеко
Можеби звучи како бајка, но многумина препорачуваат топло млеко за полесен сон. Всушност, млекото содржи триптофан кој природно го зголемува серотонинот кој е познат како хормон на среќата. Едноставно кажано, триптофан го зголемува продуцирањето на серотонин, што го зголемува продуцирањето на мелатонин. Мелатонин може да го подобри сонот и помогне во борбата против различни пореметувања со спиењето, пореметување во спиењето поради работа во смени и несоница. Повеќето испитувања отркија дека топлото млеко може да го подобри квалитетот на сонот, но потребни се понатамошни студии за да се потврди ова тврдење.
Освен ако не сте нетолерантни на лактоза или имате алергија на млеко, нема штета од тоа да пиењето чаша млеко ви стане ритуал пред спиење.
Златно млеко
Златно млеко е спој од млеко и куркума. Со оглед на тоа млекото што содржи триптофан, може да зголеми продуцирање на мелатонин кој е примарен хормон кој го регулира циклусот на спиење. Куркумата е богата со куркумина која може да ублажи некои причинители за лош сон, намали воспаленија и лечи симптоми на анксиозност и депресија.
За да направите златно млеко, комбинирајте пола чаша млеко, една лажичка куркума, едно мало парче ѓумбир и една лажичка мед. Загрејте ја мешавината и оставете да стои три до пет минути.
Секоја состојка на златното млеко се смета за сигурна. Сепак, поединци кои земаат одредени лекови, вклучувајќи ги оние за разредување на крвта и намалување на желудочните киселини или лечење на дијабетес, требаат да бидат внимателни со куркумата и ѓумбирот.
Бадемово млеко
Бадемите се јаткасти плодови полни со влакна, витамини и минерали, а бадемовото млеко е кремаста, јаткаста алтернатива на кравјото млеко. Бадемовото млеко содржи многу минерали кои потикнуваат спиење, вклучувајќи триптофан, мелатонин и магнезиум. Последните години магнезиумот се покажал корисен за лечење несоница, посебно кај старите личности. Со оглед на тоа дека бадемовото млеко се прави од цели бадеми, луѓето со алергии на јаткасти плодови, треба да го избегнуваат бадемовото млеко.
Смути од банана и бадем
Бананите се уште една намирница со висока содржина на магнезиум, триптофан и мелатонин. Тие исто така имаат висока концентрација на калиум, а калиум и магнезиум се два минерали кои ги опуштаат мускулите. Комбинирајќи банана и бадемово млеко во смути, можете да направите триптофанска и мелатонинска „бомба“ која би може да ви помогне во намалување на симптомите за несоница.
Доколку имате алергија на банани или бадеми, смути како ова е здрав и вкусен начин да го завршите денот.
Извор: HealthLine
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
Занимливости
Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се работи за изумрен вид што припаѓал на семејството гавијали – блиски роднини на денешните крокодили и алигатори – кој живеел во миоценската епоха.
– Најдени биле фосили од череп, заби, скелет и фрагмент од кожна обвивка наречена остеодерм. Овој мал фосилен дел, со дијаметар од само 30 мм, бил откриен во јуни 2023 година во седименти на дното од езеро во рудникот. Иако првично изгледал како обично парче коска, деталната анализа покажала дека станува збор за дел од кожа од крокодил.
Europe's oldest known zoo animal, Marta the alligator, will celebrate her 95th birthday in Poland tomorrow.
Marta, who first arrived at Płock Zoo in 1960, has outlived the typical lifespan of her species by decades https://t.co/pYTj6ug9LY
— Notes from Poland 🇵🇱 (@notesfrompoland) May 16, 2025
Според научниците, остатоците припаѓаат на видот диплоцинодон – изумрен вид влекач. Интересно е што ова е најсеверната точка на која досега се пронајдени фосили од крокодили од миоценот, иако има и постари откритија од периодот на креда, како на пример во Шведска.
Миоценот бил период со топла и влажна клима, што овозможило развој на богата флора и фауна. Крокодилите од тоа време можеле да пораснат и до шест метри, додека помалите, кои живееле во слатки води, достигнувале должина од три метри.
Szczątki krokodyla sprzed 17 mln lat odnaleziono na terenie kopalni „#Bełchatów”. #naukahttps://t.co/8CUDdfS4Ob pic.twitter.com/EIcGs2vnb6
— Dzieje.pl (@dziejepl) May 25, 2025
Фосилот сега е сочуван во Музејот на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава, а резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Acta Palaeontologica Polonica, пренесува notesfrompoland.com
-
Кичево7 часа
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (24 август)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Спорт2 дена
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови
-
Македонија1 ден
Во Куманово по пожар на сува трева, се зафатил плац со паркирани возила, камиони и автобуси
-
Македонија1 ден
Добра вест: До моментов само 3 активни пожари, состојбата со пожарите се смирува