Кичево
По повод Св.Великомаченик Димитриј Солунски – „Митровден“ во кичевскиот храм Св.Петар и Павле ќе се отслужат литургии и богослужба
Кичевската парохија ја истакна својата агенда по повод „Митровден“, имено на 07.11.2023 година (вторник) ќе одржи вечерна богослужба во 16⁰⁰ часот, ден потоа на 08.11.2023 година (среда) и
утрена богослужба во 07³⁰ часот, Света Божествена Литургија во 08³⁰ часот.
– „Не можно е да се намалат, ниту е можно да се зголемат; никој не може да ги испита чудесните дела Божји“ (Мудр. Сир. 18,5), вели мудриот Исус син Сирахов во Стариот завет. Па ете и ние до денес не сме во можност да се воздигнеме толку високо и да видиме што Бог промислил и како нѐ води низ целиот живот. Ете и свети великомаченик Димитриј е дел од таа промисла, којшто од еден голем војсководец станал голем чудотворец, а од непознат младич велик маченик и силник за Христа, но и препознатлив до крајот на светот по неговите чудеса.
Свети Димитриј бил роден во III век во Солун (270 година) во семејство на богати и благочестиви родители и воспитан во христијанство, но и добро негуван и чуван. Неговата мајка многу го сакала, а татко му го учел во воените вештини затоа што бил војвода на војската и сакал да воспита добар син. Димитриј бил син единец добиен со молитва и Божјата рака била врз него. Откако татко му починал тој го наследил во управувањето со војската и се покажал достоен.
Непријателот на човечкиот род постојано ‘ржи кога ќе види дека сѐ оди кон добро, па и овој пат, кога свети Димитриј бил поставен за војвода, тој замешал прсти. Во тоа време императорот Максимијан дал наредба да се гонат христијаните во Солун, но бидејќи овој велик младич бил таен христијанин, направил спротивно, односно го раширил христијанството во Солун. Тоа ја прелило чашата кај императорот и многу се разгневил и го ставил в затвор. Во затворот, Максимијан го испрашувал светиот Димитриј за неговата христијанска вероисповед и го терал да се одрече од Христа. Меѓутоа, овој велик маченик за Христа не се одрекол од Господа и храбро истрпел сѐ. На крајот свети Димитриј бил проподен со копја во 306 година и се населил во Божјото царство како великомаченик и до денес тој е многу почитуван. При крајот на својот живот ја препознал маченичката смрт и предсмртно наредил целиот негов имот да биде разделен на сиромаси и ете до своето скончание им помагал на луѓето, како за време на својот живот, така и сега. Свети Димитриј чесно и достоинствено ја извршувал својата служба и ги исполнил библиските зборови од свети Јован Крстител.
Неговото тело е во Солун во катедралниот храм посветен на него и до денешни дни твори чудеса и е миротворец, односно неговото тело испушта благоухание и миро кое може да се почувствува додека се влегува во храмот во Солун. Тој е доста почитуван кај нас Македонците затоа што бил Македонец и е патрон на градот Солун. На овој ден е споменот и на големиот земјотрес, кога свети Димитриј се застапувал за градот Цариград. Тој настан се случил во 740 година, па ете се зачувал низ историјата овој град.
Оваа година, бидејќи неговиот спомен се празнува во денот среда, славениците треба да имаат посна трпеза, а со тоа се прикажуваат и како достоинствени христијани и почитувачи на свети Димитриј. Само тогаш неговиот спомен е правилен и достоинствен.
Нека светиот великомаченик Димитриј се моли за нас пред Бога и да се застапува за православниот народ наш македонски и за сите луѓе по целиот свет, па да засветлиме со добродетели и да Го прославиме Бога – Сесвета Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
За многу години и честито славите и вечни имињата на оние кои ги носат, пишуваат од кичевската парохија!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника23 часаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Кичево1 денВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Lifestyle1 денКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Магазин1 денApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Социјални мрежи6 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Спорт1 денВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
