Автомобили
Каков треба да биде притисокот на воздухот во зимските гуми?

Соодветниот притисок во гумите е клучен за безбедноста на автомобилот, но и за „здравјето“ на самите гуми. Ако притисокот во гумите не е точен, тоа влијае на животниот век на гумите и може да биде многу опасно.
Пропишаниот притисок во гумите варира многу од автомобил до автомобил и зависи од видот на гумите, тежината на автомобилот и неговата оптовареност. Точните информации за притисокот во гумите обично може да се најдат на столбот Б на возачката страна на автомобилот или на внатрешната страна на капачето за полнење гориво. Доколку ги нема на некое од овие места, сигурно ќе ги најдете во упатството за користење на автомобилот.
Во зависност од тоа колку возите, староста и состојбата на гумите, оптоварувањето на автомобилот, надворешната температура и многу други фактори, притисокот на воздухот во гумите не е константен, туку често се менува, а понекогаш може значително да опадне со текот на времето. Затоа се препорачува редовно да се проверува состојбата на притисокот во гумите. Не мора да биде премногу често, а идеално е да го проверувате притисокот секој втор пат кога ќе полните гориво. За повеќето возачи, ова е приближно на секои две недели до еден месец.
Што може да се случи ако притисокот во гумите е неточен? Ако притисокот на воздухот е премногу низок, површината со која гумата има контакт со патот се зголемува. Соодветно на тоа, се зголемува отпорот на тркалање, што на крајот доведува до поголема потрошувачка на гориво.
Исто така, и со мало отстапување, гумата е малку деформирана, а поради тоа се намалува стабилноста при возење. Во екстремни случаи, ова може да заврши трагично, особено ако возите пребрзо во свиоци. Од истата причина, растојанието за сопирање се зголемува, а гумите може дури и да пукнат додека возите.
Уште поопасно е прекумерниот притисок во гумите. Во овој случај, површината со која гумата има контакт со патот е намалена. Ова го намалува отпорот на тркалање и потрошувачката на гориво, но во исто време го зголемува абењето на гумите на контактната површина. Поради помалата контактна површина, гумата има подолго растојание за сопирање и поголема можност за лизгање во кривините. Исто така, го зголемува ризикот од аквапланинг.
Колку да ги напумпате?
Автомобилските гуми кај повеќето модели на автомобили обично се надувуваат на притисок од 2 до 2,4 бари, а препорачаната бројка за вашиот автомобил, која обично е означена на налепница некаде на автомобилот (обично на внатрешниот лим или рамката на вратата), треба да се користи во текот на целата година бидејќи нема различни бројки за лето или зима.
Сепак, надворешната температура сепак влијае на притисокот во гумите, па затоа во зима, кога ќе дојде „минусот“, ќе треба почесто да ги проверувате и полнете гумите со воздух отколку во летните месеци, се со цел да го одржите идеалниот притисок, што е еден од најважните фактори за безбедност при возење.
Старото мислење на возачите е дека недоволно напумпаните гуми се подобри за возење во зимски услови бидејќи тогаш гумите имаат поголем контакт со теренот на кој возат. Теоретски, тоа е точно, а понекогаш е корисно, на пример при извлекување од длабок песок, но во реалноста не е безбедно да се вози со низок притисок во гумите. Одржувајте го притисокот и во лето и во зима како што е препорачано од производителот.
/n1info
Автомобили
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде прикажан на саемот „IAA Mobility 2025“. Решението овозможува автономно возење на автопати, автоматско менување на ленти и поддршка при паркирање, со што се најавува следната фаза во развојот на интелигентната мобилност.
Станува збор за технологија од ниво 2+, што подразбира дека возачот и натаму мора активно да го следи сообраќајот. Платформата комбинира 360° камера перцепција, вештачка интелигенција и напредни алгоритми за анализа на сложени ситуации во сообраќајот.
Qualcomm нагласува дека безбедноста е врвен приоритет, со усогласување со глобални стандарди како ISO ASIL. Ride Pilot веќе е валидиран во 60 земји, а до 2026 година целта е присуство во повеќе од 100 пазари.
Со ова, BMW и Qualcomm се приклучуваат кон динамичната трка за автономни решенија, каде конкуренцијата од компании како NVIDIA и Mobileye станува сè поинтензивна.
Извор: Engadged
Автомобили
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.
Volkswagen Group и понатаму водечки
Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.
Stellantis стабилно на второ место
На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.
Renault и Hyundai-Kia со силен раст
На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.
Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата
BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.
Geely сè поактивен во Европа
Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.
Toyota лидер во електрификацијата
Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.
Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.
Извор: 24Sata
Автомобили
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.
Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.
Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.
Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.
Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.
Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.
Извор: motor1.com
-
Кичево1 ден
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (11 септември)
-
Кичево1 ден
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (12 септември)
-
Кичево24 часа
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Полицијата на РЦ Запад уапси двајца скопјани, кај нив се најдени шприцеви со течност и дрога
-
Култура1 ден
Денеска е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“, според народни верувања, се јаде само посна, едноставна храна
-
Хроника1 ден
Трагедија во Кавадарци: Млад жител од Кина додека извршувал работни задачи во фабрика бил удрен од кран, починал на самото место