Кичево
Полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево денес во О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“

Денеска (06.12.2023 година), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ОВР Кичево, во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево, го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“.
Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение, прецизно им беа објаснати поимите поимите булинг и сајбер булинг, како и појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и он-лајн насилството како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи и дигиталната технологија, Учениците беа запознаени како треба да ги препознаат појавните форми и како да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде и со кого да ги споделат тие информации, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Социјални мрежи2 дена
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
-
Временска прогноза10 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Македонија6 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle8 часа
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Магазин9 часа
Apple го претстави првиот M5 чип