Кичево
Традицијата за „Бадникови гранчиња“ продолжува, поаѓање во сабота (10ч) од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле

Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња.
Собирот е предвиден да биде утре (сабота) 06.01.2024 год пред храмот св. Петар и Павле Кичево во 10:00 часот наутро.
* Да не заборавиме, дека ден претходно на 05.01.2024 во 11ч се собираме на Еко-Акција кај Базенот во поранешно Дом на АРМ, за овогодишниот Богојавление Водици да го дочекаме во чиста и урбана средина, повеќе информации за тоа ТУКА
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје23 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза1 ден
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Македонија1 час
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза5 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Lifestyle2 часа
5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?
-
Lifestyle2 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена