Спорт
Канатларовски во трка по нови победи, ова е списокот на фудбалери за мечевите против Гибралтар и Шведска
Младата репрезентација на Македонија до 21 година кон крајот на март ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство во Словачка 2025 година.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревари против Гибралтар и Шведска на домашен терен. Дуелот од 5.коло против Гибралтар е закажан на 21. март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14:00 часот.
На 26. март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14:00 часот играме против репрезентацијата на Шведска.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски А.П. Брера
Стефан Митрев Кожув
Иван Николоски Каменица Саса
ОДБРАНА:
Методи Максимов Алесунд, Норвешка
Стефан Деспотовски Работнички
Решат Рамадани Шкендија
Имран Фетаи Тиквеш
Андреј Стојчевски Жилина
Михаил Димитриевски Брегалница
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов Сондеријске, Данска
Ардијан Цилафи Сампдорија, Италија
Хамза Рамани Шкупи
Лука Станковски Тузласпор, Турција
Алекс Златков Македонија Ѓ.П
Димитар Тодоровски Работнички
Матеј Ангелов Работнички
Ване Крстевски Шкендија
Берат Калкан Гостивар
Еркан Семовски Коге, Данска
Џемил Јахја Воска Спорт
НАПАД:
Марио Илиевски Кишварда
Луан Абази Сент Гален, Швајцарија
Филип Трпчевски Уциктен, Шведска
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, ги сподели своите очекувања за претстојните квалификациски натпревари против Гибралтар и Шведска.
– Не очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, се друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против нив на гостински терен во првото коло не беше случајна.
– На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви.
– Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки.
– Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротиставиме и како да одиграме против нив.
– Во Скопје ќе допатуваат сите играчи кои се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба ќе бидат повикани дополнително нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата.
Собирот на репрезентација на Македонија до 21 година е закажан на 18. март во 12. часот во хотел Хилтон.
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево2 денаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Кичево9 часаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Македонија22 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп22 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Временска прогноза1 денОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
-
Македонија1 денПријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
-
Магазин1 денКако да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов
