Следете не

Спорт

Судиска анализа за одиграните натпревари во првата и втората македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

©ФФМ

Судиска анализа за 23 коло од ПРВА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Струга Трим Лум-Фк.Брера Пандев одигран на 10.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 32, 61, 84 и 85 минута.

“Главенсудија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Даниел Василевски и Дејан Димитријевиќ.

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

На една топка која не беше во ничив посед во 16-сетникот на гостинската екипа тргнаа голманот на гостинската екипа и играч на домакините, прв до топката стигна играчот и ја удри топката  и потоа голманот направи недозволен старт на ногата на играчот,притоа  без да игра со топката и спречи очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домакините и жолт картон за голманот на гостинската екипа поради недозволен старт на нога на противникот и спречување очигледна шанса за гол.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, со јасна прегледност на играта.

61 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0)

Во 16-сетникот на гостинската екипа два играча од обете екипи беа еден до друг, играчот на домашната екипа ја удри топката и таа го погоди противничкиот играч во рака која притоа беше во природна положба (близу телото).

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на гостите во моментот кога го удри топката му беше во природна положба (близу телото).

83 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол, при резултат 3:0)

Играч на домакините центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол, меѓутоа во моментот на центаршутот играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејки во момент на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч на одбраната на гостите.

84 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано офсајд позиција и постигнат гол за гостинската екипа, при резултат 3:0)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол, бидејки играчот на гостите во момент на центаршутот  се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на вториот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција и го призна голот, бидејки играчот што го постигна голот во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот Фк.Шкендија -Фк.Воска одигран на 10.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 78 минута.

“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Александар Ѓурковски.

78 минута:ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа,при резултат 0:0)

Играч  на домакините додаде топка до свој соиграч странично во 16-сетникот на гостинската екипа и близу попречната линија, пред играчот да ја прими топката на недозволен начин ( туркање со тело) притоа голманот без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа, поради недозволен старт на голманот на гостинската екипа (туркање со тело) над противнички играч, притоа без да игра со топката.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

              Судиска анализа за 20 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Тетекс-Фк.Саса одигран на 09.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 33 минута.

“Главенсудија: Боби Величков. Помошни судии: Дарко Видиниќ и Бојан Ивановски.

33 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостниската екипа кој се наоѓаше позади него, направи невнимателен недозволен старт на ногата на играчот на домакините, притоа спречувајки го во акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт на нога на играч на гостинската екипа над противнички играч.

На натпреварот  Фк.Победа-Фк.Беласица одигран на 09.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 3 минута.

“Главенсудија“: Игор Иванов. Помошни судии:Петар Степановски и Николче Дрнковски.

3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домакините и близу попречната линија, играч на домакините на коректен начин со лизгачки старт му ја изби топката на играчот на гостите, по што играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки стартот на играчот на домакините над противничкиот играч беше коректен и без прекршок.

На натпреварот  Фк.Арсими – Фк.Караорман одигран на 09.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 22 и 82 минута.

“Главенсудија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Александар Ѓорѓевски и Осман Зекири.

22 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат1:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа, играч на гостите кој беше близу играчот на домакините направи лизгачки старт и ја изби топката на коректен начин, без прекршок.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостите коректно ја изби топката без прекршок, во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

82 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа при резултат 3:0)

Играч на домакините прими топка во 16-сетникот на гостинската екипа и излезе сам пред голманот на гостите, играчот ја удри топката и во тој момент голманот направи недозволен старт на ногата (коленото) на играчот и го спречи во акцијата да постигне гол.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација судијата требаше да се досуди пенал за екипата на домакините поради недозволен старт на голманот на гостите над противнички играч и спречување очигледна шанса за гол.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење.

Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржува од 7. до 11. февруари во Струмица, има посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов.

– „Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“, за јавноста изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Повеќе ќе прочитате ТУКА на официјалниот натпис од ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави

Објавено пред

на

©porta.mk

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025. Само 16 судии беа официјално поканети од вкупно 280 национални активни карате судии, меѓу кои и нашиот светски македонски карате судија Дејан Милошевски. Тој беше избран и за член на Комисијата за жалби, одговорна за решавање на сите карате протести на овој натпревар.

– „Натпреварот започна со дисциплината кати, каде евалуацијата на перформансите во кати беше оценета од страна на 5 или 7 ката судии со помош на електронскиот спортдата систем. За судењето на борбите се користеше истиот систем со помош на џојстик со кој електронски секој судија ги регистрираше поените. Овој систем се користи на сите официјални интернационални натпреварувања во организација на СКФ“.  Ова ми е втора година по ред да бидам дел од овој тим. Навистина голема благодарност до претседателот на Карате федерацијата на САД за укажаната доверба. Во историјата на САД, да се биде првиот Македонец во најдобрите 16 карате судии и член на Судиската комисија претставува огромно признание и чест за мене и за нашата македонска диајспора.

До сите што се стремат кон своите соништа: Верувајте во себе – она што изгледа невозможно може да стане реалност“ – додаде популарниот каратист.

Инаку, токму на 28 декември 2024 година Карате Федерацијата на САД (USA Karate) објави на својата официјална страница дека во 2025 година ќе воведе структурни измени во националнaтa судискa програмa. Дел од овие промени е и назначувањето на нашиот светски познат македонски карате судија, Дејан Милошевски, како асистент на главниот судија за Регион 4 – што опфаќа 12 држави.

Според соопштението од Карате Федерацијата на САД, се истакнува дека промените во националнaтa судискa програмa се насочени кон зголемување на професионалноста и ефикасноста во судиската работа. Дел од овие промени вклучуваат нови раководни улоги и појасно дефинирање на регионалните одговорности. Визијата е да се работи на усовршување на националниот судиски систем, преку поддршка на младите судии и организација на натпревари во рамките на своите региони. Дејан Милошевски има огромно меѓународно искуство како судија на Светската карате федерација (ВКФ) и Европската карате федерација (ЕКФ) го прави идеален избор за оваа позиција, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност и неговиот квалитет во светот на карате спортот.

„Од самиот почеток беше навистина предизвик за мене да успеам да се вбројам меѓу најдобрите судии во САД. Неколку години навистина се посветив да бидам присутен на сите натпревари на оваа страна од светот и гордо да ја претставувам Македонија. Во 2023 бев и првиот Македонец во карате историјата на САД и Македонија да бидам член на судискиот тим во избор на националниот тим на САД, но и да бидам прогласен за македонски карате амбасадор. Предизвикат беше огромен тргнувајќи од фактот дека сум заборавен изминативе 6 години и немам никаква подршка ни признание за моите успеси од Македонската карате федерација. Успесите надвор од државата никој не може да ги избрише и ќе останат да сведочат дека со работа, посветеност и професионалност може да се успее. На крај голема благодарност до Карате федерацијата на САД за укажаната доверба и нивната континуирана поддршка“, за јавноста преку интегрален текст истакна кичевчанецот Дејан Милошевски.

Со ова назначување Милошевски ја продолжува својата мисија за унапредување на каратето и афирмацијата на македонските спортски амбасадори на меѓународната сцена.

Д.Б.

Прочитај повеќе...

Спорт

Дали Антоан Гризман се сели во американската МЛС лига?

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Французинот Антоан Гризман се поврзува со преселба во САД, но останува да одлучи клучниот човек за него Диего Симеоне, кој ќе оди на пресметката во Бернабеу. Гризман треба да донесе уште една важна одлука. Според последните извештаи, Гризман ќе остане доследен на зборот:

Атлетико Мадрид ќе биде неговиот „конечен клуб во Европа“. Единствениот вистински сомнеж лежи во тоа дали тој ќе замине ова лето или следното – и на која МЛС франшиза ќе се приклучи, со оглед на неговото добро познато обожавање за се што е американско.

Чувството е дека Французинот, кој во март ќе наполни 34 години, се стреми кон заминување на крајот од актуелната кампања, што значи дека сабота може да биде последниот танц за „Малиот принц“ во дербито на Мадрид (иако Атлети допрва ќе може да го извлече Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите).

Влогот не може да биде многу поголем, без оглед на тоа, со оглед на тоа што Роџибланкос моментално се втори во Ла Лига, само еден бод зад нивните омразени градски ривали по 22 кола, пренесува Goal.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт7 минути

ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Во...

На денешен ден11 часа

На денешен ден, 11 февруари

1868.- Почина францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко, кој заедно со Арман Физо ја мереше брзината на светлината. Тој ја...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (11 февруари)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Свет13 часа

Санторини не мирува, нов силен земјотрес регистриран пред неполн час, ова се информациите

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 10 февруари, во 21 часот и 16...

Магазин15 часа

Пејачката од соседна Србија – Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил кој имаше над 2 милиони следбеници, дали петицијата на „Еко Стража“ успеа?

Еден од најследените Инстаграм профили на Балканот, профилот на Јелена Карлеуша, повеќе не е достапен. Што се крие зад овој...

Македонија15 часа

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога...

Спорт16 часа

Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави

Изминатиов викенд 1-2 февруари во Денвер Колорадо се одржа изборен натпревар за членови на америската сениорска карате репрезентација за 2025....

Lifestyle23 часа

Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно

Непријатниот мирис на крпите по перењето е чест проблем, чиј главен виновник се бактериите. Машината за перење лесно може да...

Магазин23 часа

Откриени спецификациите на Samsung Galaxy S25 Edge – ултра тенок телефон со премиум перформанси

Samsung Galaxy S25 Edge ќе дојде со импресивна главна камера од 200 MP и премиум дисплеј, во најтенкиот телефон на...

Автомобили1 ден

Продажбата на автомобили Tesla значително падна во пет клучни европски земји во јануари

Продажбата на автомобили Tesla во јануари годинава значително се намали во пет европски земји, при што најголем пад е забележан...

НАЈЧИТАНИ