Следете не

Спорт

Милевски го истакна списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Молдавија и Црна Гора

Објавено пред

на

ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот).

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:

ГОЛМАНИ: 

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА: 

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД: 

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија;

НАПАД: 

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ – Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска;

Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“.

„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари.

На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“.  

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Анталија на 18. март. Натпреварите се играат на стадионот „Мардан“.

Спорт

Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Објавено пред

на

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал Хилал, кој заврши 1:1, Килијан Мбапе не настапи.

Клубот објави дека причината за неговото отсуство се здравствени проблеми.

„Нашиот фудбалер Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран за дополнителни прегледи и терапија“, стои во официјалното соопштение на Реал Мадрид.

Откако пристигна во САД, Мбапе учествуваше само на два тренинга и не беше дел од поголемиот дел од активностите на тимот. Следниот натпревар на Реал е закажан за недела навечер против Пачука, но останува неизвесно дали францускиот напаѓач ќе биде спремен да настапи.

Прочитај повеќе...

Спорт

Меѓународната скијачка федерација „FIS“ воведува нов систем за санкционирање, ќе се користат жолти и црвени картони како во фудбалот

Објавено пред

на

ФОТО: Nao Takabayashi @ Unsplash.com

Меѓународната скијачка федерација „FIS“ од следната сезона воведува нов систем на санкционирање во скијачките скокови и нордиските дисциплини, користејќи жолти и црвени картони, слично како во фудбалот. Оваа промена има за цел построга контрола и казнување на неправилностите со опремата.

Според новите правила, натпреварувач кој ќе користи недозволена опрема ќе добие жолт картон. Ако го повтори прекршокот, следува црвен картон, што значи суспензија од следното натпреварување и загуба на квотата за националниот тим.

Одлуката беше донесена по бројни контроверзии за време на Светското првенство во Трондхајм 2025. Директорот на натпреварите во „FIS“, Сандро Пертиле, истакна дека последните месеци биле многу предизвикувачки и дека новите мерки се чекор кон подобра контрола и регуларност во спортот.

Покрај картичките, ќе се воведат и построги проверки на опремата – како 3Д мерења на телото за време на натпревари, детална инспекција на оделата, обувките и ракавиците, како и постојан надзор на стартот. Идентификациските чипови ќе се користат само по официјално одобрување на опремата.

Имплементацијата на новиот систем ја предводи Јирген Винклер, во соработка со техничкиот експерт Матијас Хафеле, кој ќе организира обуки за националните федерации.

Со овие промени, „FIS“ има за цел да обезбеди поголема транспарентност и фер-плеј, и планира дополнително да го развива системот за контрола на опремата во иднина.

Извор: fis-ski.com

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Објавено пред

на

©porta.mk

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе се одигра на 17 јуни во албанскиот град Корча, на стадионот на ФК Скендербег, со почеток во 17 часот.

Вториот дуел е закажан за 19 јуни и ќе се одигра во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори“, со почеток во 11 часот. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станковски, ги објави фудбалерите кои ќе настапат на овие два контролни натпревари против Албанија, истакнаа од ФФМ.

За претстојните натпревари во составот се земени нашите деца од Кичево, кој матичен клуб е „ФК Кичево“, тоа се Борис Матески и Павел Димоски, им посакуваме среќа и успех!

Ова се момчињата кои се најдоа на располагање на селекторот Станковски:

ГОЛМАНИ:

Марио Стојановски – Кул Здравје

Огнен Божиновски – Кул Здравје

Јован Даноски – ФФМ Академија

ОДБРАНА:

Дин Рожајац – ФФМ Академија

Калин Аврамоски – ФФМ Академија

Ариан Исаку – Шкендија

Андреја Блажев – ФФМ Академија

Филип Богоевски – ФФМ Академија

Ејман Емини – ФФМ Академија

Давид Рамадан – Фер Плеј

Хамза Зибери – Парк

СРЕДЕН РЕД:

Давор Танески – ФФМ Академија

Павел Димоски – ФФМ Академија

Дин Баталоски – Пелистер

Борјан Костовски – ФФМ  Академија

Давид Петрески – Фер Плеј Охрид

Доротеј Христов – Парк

Васко Трајков – ФФМ Академија

Стефан Стојаноски – ФФМ Академија

НАПАД:

Виган Таири – ФФМ Академија

Драган Петков – Валандово

Борис Матески – Кичево

Јован Јанчевски – ФФМ Академија

Нено Бафтијар – Бутел

Дијар Алиу – Шкупи

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (20 јуни)

ОВЕН Пред вас е поволен период доколку имате во план некои нови потези на работно поле. Имате проблеми со саканата...

Спорт4 часа

Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал...

Временска прогноза5 часа

Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота...

Скопје8 часа

Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче...

Македонија10 часа

Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит,...

Lifestyle14 часа

Лимонада со нане и краставица – природен пијалок за освежување и хидратација

Овој лесен и освежителен пијалок не само што го гаси жедта во топлите денови, туку истовремено го хидрира телото, има...

Lifestyle14 часа

Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки

Во текот на годината, во телото се акумулираат штетни материи и токсини, а летниот период е идеално време за лесна...

Магазин14 часа

Samsung ја завршува поддршката за Tizen паметните часовници – важи од септември 2025

Компанијата Samsung најави дека поддршката за нејзините паметни часовници со оперативен систем Tizen ќе заврши до крајот на септември 2025...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (19 јуни)

ОВЕН Ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви...

Скопје1 ден

МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна...

НАЈЧИТАНИ