Следете не

Спорт

Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30. коло на првата македонска фудбалска лига и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФK Силекс – ФК Работнички одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

81. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа странично од голот центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, при центаршутот топката удри во раката (која беше во неприродна положба, одвоена од тело) на играч на домашната екипа.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволена игра со рака (неприродна положба и одвоена од тело) на домашен играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Шкупи одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 86. минута.

Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

86. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (за сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и поништен гол, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа центрираше во 16-сетникот на домашната екипа, топката ја прими играч на гостите кој во момент на додавање на топката беше во иста линија со претпоследниот  играч од екипата на домаќините, со тоа што ногата на домашниот играч беше за 20 см. понапред, топката се одби и играч на домаќините си даде автогол. Премногу тешка ситуација за проценка за асистентот судија.

Иако помошниот судија беше во одлична позиција и во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините  и ситуацијата беше премногу тешка за проценка, сепак одлуката беше погрешна, бидејќи играчот на гостите при додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Струга Трим Лум одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45 и 75 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.

45. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)

Играч на гостинската екипа даде долга топка во 16-сетникот на домаќините странично од голот, на неа тргнаа голманот на домаќините и играч на гостите, играчот на гостите прв стигна до топката, ја удри на страна и потоа дојде до  минимален контакт со ногата на голманот, но при контактот голманот не направи никакво движење со ногата за прекршок.

Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот помеѓу голманот на домаќините и играчот на гостите беше минимален и притоа голманот не направи никакво недозволено движење со ногата за да се досуди пенал.

75 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1)

Играч на гостите од корнер центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, топката одеше кон друг играч на гостите, но беше спречен да игра со топка од противнички играч поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет) на играч на домашната екипа над противнички играч.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.

На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П – ФК Воска одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 18 минута.

Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Зоран Јанкуловски и Владимир Митревски.

18 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа  беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, сакајќи да помине противнички играч дојде до контакт (играчот беше статичен и не направи никакво дополнително движење со телото) и гостинскиот играч падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи,  дуелот беше коректен и домашниот играч не направи никакво недозволено движење со ногата (стоеше статично).

На натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера А.П. одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 38 и 50 минута.

Главен судија: Ивана Пројковска. Помошни судии: Бранко Путилин и Мартин Петковски.

38. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домаќините беше во посед на топка странично (близу корнер линијата) во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домаќините ја удри топката во ногата на противнички играч, топката потоа се одби и удри во раката (која се наоѓаше во природна положба и кратко растојание помеѓу играчите) на друг играч на гостинската екипа.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи топката се одби од ногата на гостиснки играч и удри во рака на свој соиграч, каде раката му беше во природна положба и близу телото.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.

50. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домаќините прими топка од соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа, истиот играч ја удри топката и дојде до контакт (тело со тело) со противнички играч, по што домашниот играч падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи дуелот (тело со тело) беше коректен и немаше никаков недозволен старт од играчот на гостите.

На натпреварот ФК Брегалница Штип – ФК Вардар одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.

44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа упати долга топка во 16-сетникот на гостинската екипа, негов соиграч ја прими топката, при примањето на топката минимално и без интензитет беше повлечен за дрес од противнички играч и играчот од тој контакт падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи повлекувањето за дрес на играчот на гостите над домашниот играч беше минимално, без интензитет и недволно за пенал.

Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

На натпреварите од 27. коло од Втора МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија2 часа

„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони

Qualcomm ги претстави најновите членови на својата серија Snapdragon X процесори за лаптопи, паралелно со новиот систем-на-чип за премиум мобилни...

Македонија4 часа

Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (7 октомври)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Македонија20 часа

Од вечерва горивата со намалена цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат...

Хроника23 часа

Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна...

Кичево1 ден

Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 82 годишнина од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (6 октомври)

ОВЕН Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за...

Временска прогноза2 дена

Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад и од северозапад од ноќва кон утрешниот ден (понеделник 6 октомври)...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за недела (5 октомври)

ОВЕН Ќе бидете склони да се заљубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате...

Спорт3 дена

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи. Уште една одлична фудбалска претстава на...

НАЈЧИТАНИ