Следете не

Магазин

Кина започна нова мисија на темната страна на Месечината

Објавено пред

на

Кина започна нова мисија на далечната „темна страна“ на Месечината, прва од трите планирани мисии во наредните години со цел Пекинг да слета човек на Месечината до 2030 година.

Ако мисијата „Change-6“ биде успешна, тоа дополнително ќе ги зголеми амбициите на Кина да стави човек на Месечината до 2030 година, што ги загрижува САД, а поради геополитичките тензии, шефот на НАСА, Били Нелсон, ова го нарече ново вселенска трка.

Откако првата мисија Chang’e (именувана по митската божица на месечината) полета во 2007 година, Кина направи голем напредок во истражувањето на Месечината и го намали технолошкиот јаз со САД и Русија.

Без директна линија на гледање кон Земјата, Chang’e-6 ќе мора да се потпре на неодамна лансираниот сателит кој орбитира околу Месечината за време на својата 53-дневна мисија и да изврши никогаш претходно необидено слетување на далечната страна на Месечината.

Истиот сателит ќе ги опслужува беспилотните мисии „Change-7“ и „Change-8“ во 2026 и 2028 година. Со нив, Кина ќе испита дали има вода на Јужниот пол и ќе изгради рудиментирана станица со Русија – се со цел до 2030 година да ги спушти астронаутите на површината.

Како дел од мисијата, Change-6 ќе се обиде да собере и врати примероци на Земјата од басенот Ајткен на Јужниот пол, кој е најголемиот и најстар кратер на Месечината. Експертите велат дека примероците би можеле да дадат одговори за значителен период на Сончевиот систем пред милијарди години.

Доколку мисијата оди добро, се очекува кинеската Национална вселенска администрација да ги сподели примероците со меѓународните партнери, како што тоа го направи со примероците собрани од мисијата Chang’e-5.

Во 2020 година, таа мисија за прв пат потврди дека Кина може безбедно да врати вселенско летало од површината на Месечината на Земјата.

Плановите на Пекинг ја загрижија НАСА, чиј администратор Бил Нелсон постојано изјави дека е загрижен дека Кина ќе присвои какви било водни ресурси на Месечината. Од друга страна, на Пекинг му е јасно дека Кина е посветена на соработка со сите нации за изградба на заедничка иднина.

/B92

Магазин

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

Објавено пред

на

Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Фото: Solen Feyissa @ unsplash

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците ќе можат да пристапат до интерактивни апликации како Booking.com, Expedia, Spotify, Figma, Coursera, Zillow и Canva – без да ја напуштат платформата.

Покрај тоа, OpenAI го претстави и Apps SDK, алатка наменета за програмери, со која тие ќе можат да создаваат сопствени апликации што функционираат во ChatGPT.

Целта на компанијата е да изгради екосистем од апликации околу својот водечки производ за вештачка интелигенција. Ова лансирање доаѓа по претходниот обид на OpenAI да им овозможи на програмерите да креираат интерактивни GPT-апликации преку посебна продавница. За разлика од тој модел, новиот систем овозможува апликациите да бидат директно интегрирани во разговорите, со што корисниците можат да повикуваат алатки од трети страни во реално време.

На овој начин, се создаваат подобри услови за програмерите при дистрибуцијата на нивните апликации, а корисниците добиваат побогато и поинтерактивно искуство во ChatGPT.

Платформата ќе прикажува релевантни апликации кога тие се корисни за барањето на корисникот. На пример, ако некој побара листа за репродукција за забава, ChatGPT може автоматски да ја повика апликацијата Spotify во разговорот. OpenAI најавува дека во иднина ќе бидат достапни и апликации како Uber, AllTrails, Instacart и DoorDash.

Новиот систем е изграден врз основа на Model Context Protocol (MCP), кој им овозможува на програмерите да ги поврзат своите извори на податоци со системот на вештачка интелигенција. Благодарение на тоа, ChatGPT-апликациите ќе можат да обработуваат податоци, да прикажуваат интерактивни интерфејси и дури да репродуцираат видеа во рамките на разговорот, кои ќе се менуваат според потребите на корисникот.

OpenAI најави дека новите функции ќе бидат достапни за корисниците ширум светот во наредниот период.

Извор: techcrunch

Прочитај повеќе...

Технологија

Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Clint Patterson

По една деценија постоење, Windows 10 официјално ја заврши својата ера. Од денес, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни надградби, нови функции или техничка поддршка за овој оперативен систем. Иако уредите со Windows 10 и натаму ќе функционираат, секое понатамошно користење ќе претставува сè поголем ризик за безбедноста на податоците и заштитата од кибер напади.

Кога беше објавен во 2015 година, Microsoft најави дека ова ќе биде „последниот Windows“, но времето покажа поинаку. Денес фокусот е целосно насочен кон Windows 11, додека милиони корисници ширум светот остануваат на систем кој повеќе не е сигурен за секојдневна работа на интернет, пренесува „ТheGuardian“

Експертите предупредуваат дека користењето на Windows 10 за онлајн банкарство, работа со чувствителни документи или деловна комуникација веќе не е препорачливо, бидејќи потенцијалните безбедносни пропусти нема да бидат поправани. Што можете да направите?

Надградба на Windows 11
Најлогичен чекор е премин кон Windows 11, но тоа зависи од техничките можности на вашиот компјутер. Новиот систем бара понова генерација процесори и поддршка за TPM 2.0, што значи дека постарите уреди можеби нема да бидат компатибилни. Проверете во системските поставки дали надградбата е достапна и задолжително направете резервна копија на сите важни датотеки пред процесот.

Премин кон Linux
Доколку вашиот компјутер не ги исполнува барањата, добра алтернатива е Linux. Современи верзии како Ubuntu или Linux Mint нудат лесна и стабилна средина, со високо ниво на безбедност и бесплатни надградби. Денешните Linux системи се далеку попријателски за корисниците и овозможуваат извршување на сите вообичаени секојдневни задачи.

Купување нов уред
Ако вашиот компјутер е застарен, можеби е време за промена. Новите лаптопи и десктопи доаѓаат со претинсталиран Windows 11 и нудат подобри перформанси. Доколку сепак сакате да го задржите стариот уред, можете да го користите офлајн — за гледање филмови, пишување текстови или складирање документи, но без интернет конекција.

Без оглед на изборот, не заборавајте да направите безбедносна копија на вашите податоци, било на надворешен диск или во облак. Секое преминување на нов систем носи ризик од губење на информации, па подобро е да бидете подготвени.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Marten Bjork

Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на себе и на физичката активност. Но, со малку организација и вистински навики, можно е да се грижите за своето тело и здравје, без разлика на обврските.

Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат полесно да ја одржувате линијата и да се храните поздраво:

1. Опремете ја кујната со здрави намирници

Отстранете ја нездравата храна полна со калории и заменете ја со свежи, нутритивни производи. Ако дома имате само квалитетни намирници, помала е веројатноста да посегнете по нешто нездраво.

2. Одредете точно време за вежбање

Планирајте го тренингот како обврска што не се прескокнува. Најдобро време за вежбање за зафатените луѓе е наутро — пред мејловите, состаноците и стресот од денот. Така ќе започнете со повеќе енергија и фокус.

3. Подгответе ги оброците однапред

Изберете намирници што можат да се чуваат неколку дена и подгответе ги оброците навечер. Така ќе имате контрола врз тоа што јадете и нема да претерувате со количината. Овој навик ќе ви заштеди време и ќе ви помогне да се храните поумно.

4. Ограничете го внесот на шеќер и кофеин

Едно утринско кафе е во ред, но повеќе кафиња дневно можат да направат повеќе штета отколку корист. Исто така, избегнувајте слатки и брзи грицки кога сте под стрес — тие нудат моментална енергија, но подоцна го зголемуваат заморот.

5. Одберете здрави грицки

Секогаш имајте при рака здрави опции: јаткасти плодови, свежо овошје, моркови или енергетски плочки без додаден шеќер. Не заборавајте и на доволно течности во текот на денот, особено во топлите месеци.

6. Вежбајте со партнер

Ако тешко се мотивирате сами, најдете партнер за вежбање. Заедничката поддршка и мотивација значително ја зголемуваат веројатноста да останете доследни на тренинзите. Со овие едноставни навики, ќе можете полесно да го балансирате динамичниот живот со здрав и активен стил.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин6 секунди

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

Технологија12 минути

Денес по десет години завршуваат безбедносните надградби за „Windows 10“

По една деценија постоење, Windows 10 официјално ја заврши својата ера. Од денес, Microsoft повеќе нема да обезбедува безбедносни надградби,...

Хроника2 часа

ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој...

Здравје и убавина2 часа

Неколку совети за слабеење и покрај слабо поседување на време и внимание за себе

Ако постојано сте во движење, зафатени со работа и секогаш во брзање, веројатно тешко наоѓате време да се посветите на...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (14 октомври)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Спорт14 часа

Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе...

Спорт15 часа

(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1...

Временска прогноза16 часа

Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза...

Македонија1 ден

Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash Фото: Jakub Kapusnak @ unsplash
Lifestyle1 ден

Зошто јајцата се подобар избор за појадок од житарките

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но често наутро, додека сè уште сме поспани, тешко се одлучуваме...

НАЈЧИТАНИ