Кичево
(ФОТО) Денес традиционално во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ со свеченост се одбележа 21-ви Мај – Денот на единицата
Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, се обратија командантот на 1.пб потполковник Зоранче Ристовски и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски. Командантите во своите говори се навратија на историјата на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои претстојат во наредниот период.
За подготвеноста, професионалноста и постигнатите резултати за најдобар вод беше прогласен извидничкиот вод, од комамндна чета, од составот на баталјонот, доделени беа и стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.
– Во пресрет на денот на единицата во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија реализирана беше крводарителна акција со која што персоналот доброволно даруваше крв, дарувани се 97 единици на крв.
На манифестацијата исто така со свеченост беа доделени плакети, благодарници и награди за пензионираните војници (старешини) Зоран Божиновски и останатите колеги, потполковникот Ристовски, како и бригадниот генерал Лафчиски им посакаа долги пензиски денови, во многу здравје, среќа и бериќет.
На самиот крај, одбележувањето заврши со реализација на тактичко технички збор (ТТ-збор) во неколку работни точки, на кој присутните гости, со разгледување имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
Нашиот медиум како и секоја година редовно е почестен со покана за овие величествени настани, така што овогодишниот 21-ви Мај – Денот на единицата ви го пренесуваме преку фотографија:
Д.Б.
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин12 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Хороскоп1 часХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин12 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин12 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин12 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон





































































































