Следете не

Кичево

Вчера во акциска за брзина најмногу казнети возачи имало на кичевското подрачје

Објавено пред

на

На 04.07.2024 година од 17.00 до 23.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на Струга и Кичево, полициските службеници затекнале 34 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга-12, Кичево-22).

Истиот ден 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Со цел зголемена сообраќајна безбедност, апелираме до возачите совесно и внимателно да ги управуваат своите моторни возила и да не ја надминуваат дозволената брзина спрема условите и состојбите на патот, за медиумите и Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.

Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.

Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.

Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.

Прочитај повеќе...

Кичево

Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда

Објавено пред

на

СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид

Објавено пред

на

ФОТО: Биро за јавна безбедност (Александар Јанев)

Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп15 минути

Хороскоп за вторник (4 ноември)

ОВЕН Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечите и да поминете...

Кичево6 часа

Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање

Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се...

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Lifestyle12 часа

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин12 часа

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин13 часа

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години. Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни...

Фото: He Junhui @ unsplash Фото: He Junhui @ unsplash
Магазин13 часа

Xiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата...

Хороскоп21 час

Хороскоп за понеделник (3 октомври)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Технологија1 ден

„Google Maps“ има нова корисна функција

Популарната апликација Google Maps наскоро ќе добие нова и многу корисна функција режим за заштеда на батеријата. Овој необичен режим,...

Македонија1 ден

МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (2 ноември)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

НАЈЧИТАНИ