Спорт
Женската репрезентација на Македонија утре ја пречекува Летонија, Андон верува дека ќе испишеме историја!

Женската А репрезентација на Македонија утре на домашен терен ја пречекува селекцијата на Летонија, во рамките на претпоследното коло во групата 2 од Лигата Ц, од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Нашата репрезентација има императив победа, со која би остварила историски резултат и би го потврдиле второто место во групата кое носи пласман во баражот од квалификаците.
Селекторот Александар Андов и капитенот Наташа Андонова, денеска остварија средба со новинарите спроти утрешниот квалификациски меч против селекцијата на Летонија.
– „Како што кажав и на самиот почеток, по моето назначување за селектор на репрезентацијата, реков дека потребно е време за да тргнат работите на подобро, чекор по чекор и со многу труд успеавме да се подобриме на сите полиња, а потврда за тоа се последните позитивни резултати што ги оствари оваа репрезентација. Се наоѓаме пред историски можност, женската репрезентација на Македонија во досегашната историја никогаш не била во можност да се бори за ваков висок пласман. Утре ќе имаме можност да испишеме историја, верувам дека ќе успееме да оствариме победа. Ја немаме на располагање Гентијана Рочи, која со својот квалитет и искуство претставува многу битен член на репрезентација. Но не смееме да зависиме и да се ослониме само на еден човек. Кажав дека сите фудбалерки се битни и утре ќе имаат можност да го докажат тоа.”, изјави селекторот Александар Андов.
– „Нормално дека постои притисок пред утрешниот натпревар, но тој е позитивен. Имаме одлична атмосфера во репрезентација и по подолго време повторно сме сите заедно обединети, функционираме како еден тим и размислуваме победнички. Имавме одлични услови во претходниот период и се подготвивме на најдобар можен начин за овој меч. Имавме одличен тренинг камп во Банско и подготвени го дочекуваме утрешниот меч.”, изјави капитенот и нашиот најдобар играч, Наташа Андонова.
Женската фудбалска репрезентација на Македонија, денеска во 19 и 15 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го одржи официјалниот тренинг пред утрешниот меч со Летонија.
Дуелот од групата 2 од квалификациите за пласман на ЕП помеѓу Македонија и Летонија ќе се одигра утре со почеток во 19. часот.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт16 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Спорт2 дена
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Временска прогноза3 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно