Следете не

Кичево

(ФОТО) Денес и официјално во просториите на кичевската болница беше направено примопредавање на функцијата директор

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес во просториите на административниот дел при ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево, во пријатна и колегијална атмосфера се изврши примопредавање на функцијата Директор на Установата. Од денес од досегашниот директор и официјално е предадена должноста на новиот в.д. директор Д-р Маја Цветановска-Трајкоска.

Во еден свечен амбиент, на официјална покана навистина беше пријатно да се гледаат дел од најбитните луѓе за нашето здравје ведри и спремни за работа, посакувајќи успешна работа на новото раководство.

За мене ова е еден посебен момент, нов почеток. Нема сомнеж дека овој колегиум ќе работи според сите стандарди. Овој нов почеток значи и продолжување на посветеноста кон квалитетна здравствена нега и конечно да го вратиме задоволството кај пациентите, а во иднина ќе се потрудиме сите процеси на надградба на квалитетната здравствена заштита да биде приоритет во иднина, со првичен фокус на иновации и одговорност кон заедницата.

– Исто така, ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам на вашиот медиум и на сите за упатените честитки. Во периодот кој следи, лично ветувам дека кичевската болница ќе се заложам да го добие вистинското лице, медицинскиот персонал да ја почитува личноста, авторитетот, титулата и функцијата на вработените, да ја подигне љубезноста кон пациентите, членовите на нивните семејства и посетителите. Кичево и кичевчани тоа го заслужуваат, за Порта.мк истакна новата Директорка.

Галерија од мини-коктелот со дел од колегиумот на ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево, за топло добредојде:

Кичево

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Објавено пред

на

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.

Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!

Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA

 

Прочитај повеќе...

Кичево

Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Објавено пред

на

©porta.mk

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.

Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.

Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.

Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771

Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.

Прочитај повеќе...

Кичево

В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Објавено пред

на

©porta.mk

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.

Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.

Фејсбук објава: ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 часа

Денеска е 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Организација

Денеска е празник, 23 октомври, Ден на основањето на македонската револуционерна организација во Солун (ВМРО). Токму на 23 октомври 1893...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за четврток (23 октомври)

Овен Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа....

Фото: nrd @ unsplash Фото: nrd @ unsplash
Магазин21 час

Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк

Ако сакате нешто кремасто, миризливо и пријатно за ладните денови, оваа домашна крем супа од печурки е вистинскиот избор. Лесна...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин21 час

WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки

Популарната апликација за пораки WhatsApp воведува нова мерка за борба против спам, со која ќе се ограничи бројот на пораки...

Фото: Hydra 4x @ unsplash Фото: Hydra 4x @ unsplash
Lifestyle21 час

Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите

Мувлата е чест проблем во домовите, особено во текот на зимата кога во просториите се собира кондензација и влага. Таа...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин22 часа

OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет

Компанијата OpenAI го претстави својот прв веб-прелистувач под името ChatGPT Atlas, правејќи голем чекор кон спојување на интернетот и вештачката...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (22 октомври)

Овен Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро. Имате потреба...

Фото: Dominik @ unsplash Фото: Dominik @ unsplash
Lifestyle2 дена

За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок

Со текот на времето, фугите меѓу плочките потемнуваат, стануваат валкани и тешко се чистат. Наместо да користите силни средства како...

Магазин2 дена

(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија

По дваесет и пет години враќање „на изворот“, со благослов на нашиот старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј во Бигорскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (21 октомври)

ОВЕН Постојат важни цели што можете да ги постигнете во различни фази или во некои решенија. Се грижите за осмислување...

НАЈЧИТАНИ