Кичево
Во Кичево денес и официјално стартува со работа „Kelly Doner“, место каде ќе го најдете највкусниот донер!
Добредојде за „Kelly Doner“. Во Кичево денес и официјално стартува со работа реномираниот локал за брза и квалитетна храна каде може да го најдете светски познатиот австралиски донер, секогаш свеж, секогаш добро спремен, покрај широката палета на ладни пијалоци! Со работно време на локалот секој ден од 07:00 на утро, до 23:00ч на вечер, со исклучок на недела.
„Kelly Doner“ кој се наоѓа во непосредна близина на кичевската детска градинка „Олга Мицеска“ ќе ве освои веднаш откако ќе го вкусите најубавиот донер-сендвич, приготвен и достапен со пилешко или телешко месо, со највкусна свежа салата и најразлични сосови, во крцкава тортиља или вкусно лебче, хот дог и тостови.
И тоа не е се! Специјално за верните клиенти во склоп со „Kelly Doner“, јадењата ќе се служат и во „Retro Caffe“, за гостите кои сакаат специјалитетите да ги вкусат токму тука, кафе-локалот со најубава тераса, местото каде го има најдоброто кафе во градот.
Посетете ги уште веднаш, додека за сите оние кои ќе бидат на своите работни места, наскоро вашиот омилен донер ќе биде со сигурна и брза достава до вашата сакана дестинација.
Кликни ТУКА „Google Maps“ да те одведи до локацијата на „Kelly Doner“
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Македонија1 денМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија1 денДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Кичево3 часа„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
-
Кичево39 минутиЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
-
Временска прогноза1 денНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
-
Спорт1 денВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“






