Спорт
Истакнат официјален распоред и активности на македонските фудбалски репрезентации за месец октомври

Фудбалската федерација на Македонија ги истакна активностите на репрезентациите за месец октомври 2024. Во продолжение овие се следните активности и распореди на натпревари на репрезентации на Македонија, како и на женските репрезентации на Македонија за истиот месец.
Репрезентација: Македонија до 17;
Два контролни меча;
Датум: 1. и 3. октомври;
Противник: Кипар;
Место: Kипар;
Селектор: Раде Каранфиловски;
Репрезентација: Македонија до 19 години;
Квалификации за пласман на ЕП;
Датум: 9 – 15 октомври;
Противник: Летонија (9. октомври), Словачка (12. октомври), Луксембург (15. октомври);
Место: Луксембург;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;
Репрезентација: Македонија;
Лига на нации;
Датум: 10. и 13. октомври;
Противник: Летонија (10.октомври), Ерменија (13. октомври);
Место: Рига и Јереван
Селектор: Благоја Милевски;
Репрезентација: Македонија до 21;
Квалификации за пласман на ЕП;
Датум: 11. и 15. октомври;
Противник: Молдавија (11. октомври), Грузија (15. октомври);
Местo: Скопје и Кутаиси;
Селектор: Драги Канатларовски;
Репрезентација: Македонија до 16;
Контролни натпревари;
Датум: 22. и 24. октомври;
Противник: Словенија;
Место: Скопје;
Селектор: Драган Начевски;
Репрезентација: Македонија до 19 футсал;
Контролни натпревари;
Датум: 23. и 24. октомври;
Противник: Црна Гора;
Место: Тиват;
Селектор: Зоран Лекиќ;
===================================
Репрезентација: Македонија до 15 (жени);
Уефа развоен турнир;
Датум: 29. септември – 5. октомври;
Противник: Косово (29. септември), Естонија (2. октовмри), Албанија (5. октомври);
Место: Албанија
Селектор: Јовица Блажевски;
Репрезентација: Македонија до 17 (жени);
Тренинг камп;
Датум: 30. септември – 4. октомври;
Место: Кичевo;
Селектор: Катерина Милеска;
Репрезентации: Македонија А жени и Македонија до 19 години жени;
Заеднички тренинг камп:
Место: Банско
Селектор: Александар Андов и Астрит Мерко;
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево1 ден
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија18 часа
Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Автомобили48 минути
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
-
Скопје1 ден
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
-
Спорт19 часа
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!