Следете не

Кичево

Од денес во ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево за прв пат започнува со работа долгоочекуваната „Стручна комисија за давање наод, за нега од друго лице“, нема веќе чекање и поаѓање во друг град

Објавено пред

на

©porta.mk

Од денес благодарение на новото раководство на чело со директорката Д-р Маја Цветановска-Трајкоска, со заложби на Министерството за здравство но и Министерството за труд и социјана политика, во Кичево стартува со работа „Стручна комисија за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице

Комисијата ја сочинуваат тројца доктори специјалисти од нашата болница, соодветни спрема бараните и потребни специјалности. Комисијата ќе работи два пати неделно во просториите на болницата, во попладневните часови, по претходно закажани темини преку „Мој термин“. Нашите сограѓани досега за оваа услуга чекаа со месеци со поаѓање во други градови, а сега ќе имаат можност да ја искористат приликата во сопствениот град, за Порта.мк истакна директорката Цветановска Трајкоска.

  • Од 1-ви октомври во нашата болница ќе започнат да доаѓаат доктори од „ЈЗУ УГАК“ и „ЈЗУ Општа Болница Охрид“, специјалисти гинеколози-акушери, при што ќе се отвори можноста за опслужување на сите родилки од нашиот град и пошироко, како и можноста за извршување на сложени гинеколошки операции. Со овие достапни услуги, пациентите нема веќе да мора да патуваат и ваквите услуги да ги бараат во останатите болници, додека во тек е и отварањето на нова специјалистичка гранка во нашиот град, Трудова медицина, која во соработка со повеќе специјалности од Општа Болница, ќе ги опслужува потребите на сите граѓани на Кичево, од типот на издавање на лекарски уверенија за професионални шофери, оружје итн, заврши Цветановска Трајкоска.

–  „ЈЗУ Општа Болница Кичево“, водена од директорката и менаџерскиот тим, исто така ќе работат во следниот период за воведување на нови процедури и дијагностики, со една битна цел а тоа е најважното – навремено дијагностицирање и третман на пациентите на нашиот град!

– Упатуваме честитки, Кичево и кичевчани заслужуваат подобро здравство, модернизација, внимание на пациентите и нега, се надеваме дека ова е само почеток и дека народот штотуку почна да ги гледа промените на подобро!

Кичево

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Објавено пред

на

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.

– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.

Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.

Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.

Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Објавено пред

на

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.

Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.

Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏

Прочитај повеќе...

Кичево

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Објавено пред

на

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот

Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени

Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:

📞 072 304 091

🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (9 септември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Музика7 часа

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој...

Македонија7 часа

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,...

Спорт10 часа

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на...

Кичево13 часа

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија14 часа

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (8 септември)

ОВЕН Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои...

Кичево1 ден

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат...

Кичево1 ден

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу...

Кичево2 дена

Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите...

НАЈЧИТАНИ