Кичево
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика

Во вторник, 08 октомври од 19:30 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, по трет пат ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“. Овој настан е организиран од страна на претседателот на Музичка Академија Кристина , проф м-р Костадиноска Кристина во соработка со НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево.
Учество на оваа манифестација ќе земат 11 млади пијанисти од различни возрасти, со бројни први, втори и трети награди на меѓународни натпревари: Јосифоска Јоана, Спахиу Ориола, Јолеска Бисера, Касијана Матеска, Јолеска Јана, Димитриеска Надја, Јосифоска Гордана, Емини Тарик, Дабески Давор, Бодеска Теона и Дамјаноска Дарија.
Повелете да уживаме во звуците на познатите великани од класичната музика Бах, Хајдн, Бетовен, Бургмулер, Чајковски, Шопен …
Проект поддржан од Општина Кичево
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
Кичево
Ноќеска „ТППЕ Кичево“ со полни раце работа, спречен поголем пожар во населба „Девеана“

Ноќеска нешто по 4 часот до „ТППЕ Кичево“ примен бил повик за настанат пожар во приватен објект лоциран во кичевската населба „Девеана“. Се запалила гаража и помошна просторија со дрва, која за среќа причинета е само материјална штета, превозно средство и покуќнина.
За Порта.мк вработените сведочат дека пожарот бил од сериозен карактер, бидејќи истиот се ширел брзо, према станбените куќи.
-
Кичево1 ден
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево13 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (9 октомври)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Временска прогноза12 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија1 ден
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза2 дена
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Скопје12 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место