Кичево
(ФОТО) На кичевско „Китино Кале“ наши сограѓанки од граѓанското здружение “Sunshine Kids” организираа културен настан „Мојот шарен град“
Во срцето на нашиот град пулсира уникатна хармонија на различни култури, јазици и обичаи. Под мотото „Мојот шарен град“, на 9.11.2024 година се одржа настан коj го славеше мултикултурализмот и богатството што го носат различните заедници.
Овај настан беше организиран од страна на здружението “Sunshine kids” (основано од Љубинка Симјаноска- Кацеска, Анета Трпеска и Слаѓана Фиданоска) поддржано од Министерство за култура и општината, со цел да се истакне важноста на меѓусебното почитување и соработка.
Граѓаните, без разлика на нивната етничка, верска или јазична припадност, се обединија во духот на заедништво, испраќајќи порака дека разликите не нè разделуваат, туку нè збогатуваат.
„Градот е како мозаик – секоја култура е посебна плочка која придонесува за целосната слика,“ за јавноста изјави еден од организаторите.
Инаку во рамки на настанот, беа презентирани видеа, слики и презентации изработени од учениците на ОУ “Санде Штерјоски” – Кичево кои ги прикажаа традиците и обичаите, традиционалните танци, и кулинарски специјалитети од различните етнички заедници (македонци, албанци, турци и роми).
Преку вакви активности, нашиот град станува пример за тоа како мултикултурализмот може да биде извор на сила и единство. Граѓаните ја покажаа својата подготвеност за градење заедница заснована на толеранција и взаемна почит, поставувајќи темел за светла иднина во која секој може да биде горд на своите корени, додека воедно припаѓа на заедничкиот дом – нашиот шарен град.
Галерија од настанот:
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп18 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Македонија1 денМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија1 денДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Кичево2 часа„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
-
Временска прогноза1 денНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
-
Спорт1 денВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
-
Скопје1 денСкопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци



























