Следете не

Кичево

(ФОТО+ВИДЕО) Мега „Хуманитарен Божиќен Базар“ вчера на градскиот плоштад во Кичево, естрадните уметници ги освоија сите симпатии, пеејќи во еден глас за хуманитарни цели!

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ се одржа и предпоследниот настан, како што веќе е познато вечерва е последниот и завршен ден каде ќе ја финализираме оваа хуманитарна приказна. Пеејќи во еден глас, благодарение на естрадните уметници од Кичево вчера, кои вистински ги освоија сите симпатии на присутните, музицираа до доцна вечерта. Потрошените средства и се до сега ќе бидат за нашиот сограѓанин Дејан Огненоски кој треба да се лекува во Република Турција.

Нека говорат делата. Она што знаеме е дека на Кичево одамна му се нема случено по позитивен настан, а вчера на наше и на задоволство од присутните со неговото присуство благослов за здравје, среќа и радост, молејќи се за спасение на сите, понесе нашиот духовен татко и возљубен старец, Епископот Антаниски Партениј, каде даде скромни подароци за најрадосните најмили дечиња.

Вечерва на подиумот ќе настапат: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука & Марко ЛазарескиСкара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Fire Phoenix Band, Маскоти, „Лотарија“ (мини подароци), Воз и мини-воз за најмилите, рингишпил)

Да не заборавиме да им се заблагодариме на сите учесници и помагатели, на локалната самоуправа, на ОВР Кичево кои ја даваат секогаш целосната асистенција и за грижат за редот и мирот на сите настани од сличен карактер.

Ве очекуваме повторно и заеднички свечено да го затвориме овој традиционален Базар.

Мал дел фотогалерија од вчерашниот настан, преку нашиот и објективот на Јове Ангелески!

Кичево

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Објавено пред

на

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.

– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.

Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.

Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.

Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Објавено пред

на

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.

Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.

Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏

Прочитај повеќе...

Кичево

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Објавено пред

на

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот

Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени

Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:

📞 072 304 091

🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево22 минути

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија2 часа

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (8 септември)

ОВЕН Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои...

Кичево16 часа

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат...

Кичево20 часа

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу...

Кичево1 ден

Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 септември)

Овен Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за сабота (6 септември)

ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не...

Македонија3 дена

Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот...

Фото: Martin Katler @ unsplash Фото: Martin Katler @ unsplash
Автомобили3 дена

Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени...

НАЈЧИТАНИ