Кичево
(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите

Базата за асфалт изградена во населба Иванидол – Кичево е оддалечена само 60 метри од куќите, а како што се знае законски ваков вид на асфалтна база треба да има оддалеченост 5 километри од населено место.
Имено, веќе 23 месеци жителите на оваа насеба, кои се околу 1600 лица, водат битка преку институциите базата да не почне со работа и да се дислоцира, така што жителите на оваа населба иницијативата против оваа база за асфалт ја започнаа уште кога почна изградбата во 2023 година, доставиле и документи до сите наделжни институции. Како епилог ќе има, останува да видиме.
Повеќе во официјалниот прилог на колешката Салије од ТВ21:
– Инаку, да додадеме дека веќе подолг период немо се гледа и следи за Иванидол каде му треба Градинка, му треба тротоар, му треба урбано зеленило и поставени канти за отпадоци, а после дислокација на контенјерите веќе се создава мини депонија која дополнително ја зголемува опасноста за нечистотијата, загаденоста и хемикалиите кои еден ден ќе се одразат врз животите на жителите.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Спорт1 ден
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (17 октомври)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Македонија2 дена
Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки
-
Македонија23 часа
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција
-
Временска прогноза1 ден
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²
-
Македонија1 ден
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“