Хроника
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!

Да се молиме Панчо да издржи! Неговата состојба е под будно око на специјалистите во болницата “Систина” каде пред неколку часа беше префрлен на интензивна нега.
– Пред нешто повеќе од еден час на социјалните мрежи Ребека која важи за негова блиска личност, истакна информација за влошена здравствена состојба на Владимир. Она што се знае е дека Трахеата била оштетена, поради вдишување топол дим, така што популарниот пејач е приклучен на апарати.
Да се молиме за нашиот Панчо, да му се подобри неговата здравствена состојба! 🙏
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“

По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (22 октомври)
-
Магазин1 ден
(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Lifestyle1 ден
За само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок
-
Lifestyle2 часа
Најефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Магазин2 часа
OpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
-
Магазин2 часа
Крем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин2 часа
WhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки