Кичево
(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“
Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со кореографска режија на Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, проект поддржан од Министерство за Култура и Туризам. Публиката повеќе од еден час имаше можност да ужива во одличните изведби на играорците при културно уметничкото друштво, водени од оркестарот под раководство на Јован Митрески.
Официјални гости на манифестацијата беа ученици од државно музичко балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје. На концертот беа претставени повеќе етнички предели од брсјачката и јужно македонската етнографска целина, од етничките предели Воден, Меглен, Леринско поле, Долна Преспа и Костурско, а пред публиката беа изведени и повеќе сценски адаптации и поеднечни традиционални ора и ороводни песни како што се Левото, Машкото, Сулејманово, Рајко, Софкино и многу други.
Програмата на концертот ја водеше г-ѓа Оливера Ширговска. Величествената манифестација со свој говор ја отвори директорот на установата г-дин Мазлам Османи кој посака топло добредојде на бројната публика.
– „Велигден“ како еден од најголемите Христијнски празници претставува симбол на победата светлината и надежта неговата порака е вечна инспирација за сите нас, да останеме посветени на добрината, човечноста и заедништвото. Нашиот Центар за Култура има чест и обврска да ја негува традицијата, да создава мостови помеѓу уметноста и заедницата и да биде чувар на духовните вредности кои не обединуваат.
Вечерашната програма е израз на таа посветеност, преку музиката и уметничкиот израз ние ја славиме убавината на животот и силата на верата.
– Дозволете ми во оваа свечена прилика да упатам посебна благодарност до Министерството за Култура и Туризам за нивната континуирана поддршка и доверба што ни ја укажуваат со поддршка на сите културни активности кои ги организира нашата институција, исто така изразувам искрена благодарност до сите вработени во Центарот за Култура кои со својата професионалност посветеност и ентузијазам се темелот врз кои се градат сите наши успеси, нивната работа која е најчесто зад сцената е незаменлива и вредна за најдлабоко почитување, а исто така сакам да упатам благодарност и до кореографите Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, оркестарот на Јован Митрески како и родителите за нивното присуство, заврши г-дин Османи, директор на ЦК „Кочо Рацин“
– На крај од концертот г-ѓа Ширговска по повод 20 години јубилеј на КУД „Рацин“ од Кичево кој оваа година одбележува во успешно творење, промовирање и зачувување на културното наследство, а во чест на овој важен момент најави голем јубилеен концерт на кој ќе се прослави нивната богата историја посветеност и љубов кон фолклорот и уметноста, а воедно оваа пролет односно на 27-ми и 28-ми мај продолжува и Меѓународниот фолклорен фестивал на песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“ со гости од Турција, Украина, Полска, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ, секако покрај домашните културно уметнички друштва.
Во оваа прилика им честитаме за досегашните успеси и им посакуваме уште многу години плодна работа и уметнички достигнувања.
Во продолжение, Порта.мк се погрижи и овој концерт да добие трајна вредност и во целост да ви го пренесе, така што останува само да уживате во нешто повеќе од еден час, македонска традиција и уметност.
- Вечна да биде традицијата!
/Д.Б.
Кичево
Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle1 денЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Временска прогноза15 часаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили1 денГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Магазин1 денSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
-
Магазин2 денаYouTube го уредува фидот на почетната страница
