Кичево
За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење

Со радост ве известуваме дека за прв пат во Македонија, манастирот Богородица Пречиста, познат по својата долга и развиена сточарска дејност, се погрижи жителите на градот Кичево и околината да имаат можност да набавуваат свежо, органско кравјо млеко, директно од манастирската фарма. Повеќегодишното искуство во сточарството и млекарството на жителите во манастирот, донесе голем раст во поглед на модернизацијата и зајакнувањето на земјоделските задруги, меѓу кои една се наоѓа токму над градот Кичево, на 1000 м. надморска височина, „Крнино“.
Грантот за поддршка на земјоделскиот сектор финансиран од ЕУ од ИПА 2019 програмата, додели на земјоделската задруга млекомат и молзилиште. Тоа придонесе за одличен резултат во поглед на хигиената, односно за врвен квалитет.
Како што не известуваат за нашиот медиум официјалните лица, млекото е достапно преку современ млекомат, кој овозможува да го добиете производот секогаш свеж, со зачувани природни хранливи својства, кои се особено важни за човековото здравје. На овој начин, секој може брзо и лесно да ужива во вкусот на вистинското, непастеризирано млеко, без додатоци и конзерванси.
– Млекоматот се наоѓа во центарот на градот, односно во непосредна близина на стариот објект на Општина Кичево или сегашно седиште на ЈП Комуналец и работи постојано.
Секој што ќе посака има можност да проба од овој еликсир за здравјето и сам да се послужи во секое време во текот на целото деноноќие. Одбраниот производ и неговата количина е во релација со потребната сума која купувачот сам ја внесува во млекоматот. Во исто време, млекоматот нуди можност да се одбере калап и од манастирското органско сирење.
Се’ што треба да се направи е да се одбере посакуваната шифра на производот, да се плати износот, а потоа, заедно со најблиските, да се ужива во вкусот на манастирското кравјо сирење, стои во официјалното известување за јавноста.
Ние веќе одиме да ги вкусиме млечните производи, а вие?
Кичево
(ФОТО) Во кичевската гимназија „Мирко Милески“ денес за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матуранти

Во училишниот двор на ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево за прв пат се одржа свечено доделување на дипломи за матурантите од генерацијата 2021/2025. Класните раководители им ги врачија дипломите, а присутните беа поздравени од директорот Бранислав Стојаноски, кој им посака успех во понатамошното образование.
Од име на матурантите, говор одржа Ивона Димоска, изразувајќи благодарност до професорите за нивната посветеност во изминатите четири години.
Видео и галерија од денешниот настан:
Кичево
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај

На 10.08.2025 во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З. (49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, истакна МВР за јавноста.
Кичево
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето

Денес 08 август пред храмот „Св.Параскева“ позната како „Св.Петка“ во кичевското с.Мидинци се освети новиот Крст, симбол на нашата вера, надеж и вечен живот. Со голема желба, љубов и почит го дарува кичевчанецот Александар Велјаноски, наш пријател, кој потекнува од истото село.
Крстот е знак на победа над смртта, на љубовта Божја кон луѓето, денес го подигаме не само како духовен знак, туку како сведоштво дека нашата вера живее и се пренесува од поколение на поколение.
Голема благодарност изразуваме во име на црквата, селото и останатите до сите други кои помогнаа со своја работа, време, средства и љубов за реализација на овој чин. Вашиот придонес е духовен темел врз кој се гради заедницата, истакнаа мештаните на свечената манифестација одржана рано утрово во село Мидинци.
Инаку, Црквата „Св.Петка“ има богата и посебна историја. Нејзината првобитна локација била на повисоко место, но поради изградбата на железничката линија Скопје-Кичево, таа била преместена и повторно изградена далечната 1952 година, со помош на градежното претпријатие „Гранит“, а осветена била во 1963 година.
Денес на покана од г-дин Велјаноски бевме во посета на овој преубав храм, така што ТУКА направивме кратка видео репортажа во чест на големиот чин кој е за сите почести
За многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија7 часа
Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода
-
Временска прогноза1 ден
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Временска прогноза9 часа
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?
-
Македонија1 ден
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
На денешен ден1 ден
Времеплов: На денешен ден: 14 август
-
Спорт1 ден
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул